Медводе | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|
Град | |||||||
Од горе, лево кон десно: Поглед на Медводе и Преска, библиотека, хидроцентрала, капелата Марија и црквата Свети Јован, Хафнеровата капела | |||||||
| |||||||
Држава | ![]() | ||||||
Традиционален регион | Горењска | ||||||
Статистички регион | Среднословенечки | ||||||
Општина | Медводе | ||||||
Површина[1] | |||||||
• Вкупна | 4,20 км2 (160 ми2) | ||||||
Надм. вис. | 313,6 м | ||||||
Население (2019)[1] | |||||||
• Вкупно | 5.380 |
Медводе — град во Словенија. Тоа е седиште на општината Медводе. Реките Сава и Сора се спојуваат во Медводе, од каде што потекнува името на градот (што значи „меѓу водите“).[2]
По анексијата на Карантанија од Баварците, областа преминала под контрола на германските благородници и феудалци. Тие забележале дека блискиот Медански рид нудел добар поглед над Медводе и Љубљанската котлина.
Медводе стекнало поголемо значење во 15-тиот век, кога императорот им дал право на Крањ, Радовљица и Тржин да изградат мост и собираат пари за премин на истиот. Во 19-тиот век, градот започнал да собира и пари за премин на патиштата (денешни патарини).
Во тој период, Медводе добило и железничка станица и штедилница. Поради тоа, индустријата започнала да се развива во градот, заедно со постојната фабрика за хартија во Горичане. Фабрика за растително масло била основана во Медводе пред Првата светски војна. За време на меѓувоениот период, основани биле и текстилни и столарски индустрии, многу од кои постојат и до денес (на пример фабриката Донит).[3]
По Втората светска војна, во Медводе функционирал југословенски работен логор за политички затвореници.
Две големи фабрики, Колор и Донит, се сместени во Медводе. Реката Сава во Медводе е исто така локацијата на Хидроелектричната централа Медводе. Хидроелектричната централа била изградена делумно со користење на присилна работна сила од страна на католички свештеници кои биле држени како политички затвореници по Втората светска војна.[4] Во Медводе се регистрирани вкупно 1570 компании кои остваруваат приход од вкупно 454.714.000€ годишно.[1]
Претходно, имало рудник за олово и живa во долината Лочница, јужно од Медводе. Во 19 век, градот станувал сè попознат како туристичко место, дури за жителите во Виена. Реката Сора некогаш привлекувала многу капачи. Во текот на летото, специјален воз за одмор го поврзувала градот со Крањ и Љубљана. Во 2018 година во Медводе ноќевале вкупно 35.802 туристи, од кои 33.966 странски и 1.836 словенечки.[5]
Година | Нас. | ±% |
---|---|---|
1948 | 395 | — |
1953 | 687 | +73.9% |
1961 | 1.161 | +69.0% |
1971 | 1.962 | +69.0% |
1981 | 4.426 | +125.6% |
1991 | 4.802 | +8.5% |
2002 | 4.951 | +3.1% |
2011 | 5.178 | +4.6% |
2021 | 5.330 | +2.9% |
|
|