Межа

Межа
Межа во близина на Равне на Корошкем
Карта
Местоположба
CountriesАвстрија и Словенија
Физички особености
Извор 
 • местоКараванки во близина на Ајсенкапел
 • координати46°28′9″N 14°41′13″E / 46.46917°N 14.68694°E / 46.46917; 14.68694
 • надм. вис.1,358 м (4,455 ст)
Устие 
 • место
Драва во близина на Дравоград
 • координати
46°35′11″N 15°1′20″E / 46.58639°N 15.02222°E / 46.58639; 15.02222
Должина43 kм (27 ми) [1]
Големина на сливот551.7 km2 (213.0 ми) [2]
Особености на сливот
ТечениеПредлошка:Драва

Межа ( словенечки: Meža) е река во Словенија, во словенечкиот дел на Корушка. Межа е притока на реката Драва.

Реката Мeжа е долга 43 километри. Реката извира во планините Караванки, во близина на словенечко - австриската граница. Во првата половина од својот тек, таа е брза, планинска река која тече во правецот југозапад-североисток.

Под западниот дел на Похорје, тече во правецот југоисток-северозапад низ долината и градовите Мислиња и Словењ Градец. Мислиња се влева во реката Межа, во близина на Дравоград, на само неколку километри од сливот на Межа и Драва. Во втората половина од својот тек свртува во правец запад-исток. Во овој дел од течението гради поширока долина и е побавна. Таму поминува и низ најголемата населба на своето течение, градот Равне на Корошкем. Во близина на устието на Межа, ја прима својата најголема притока, реката Мислиња, а километар понатаму се влева во реката Драва кај Дравоград.

Во текот на 80-тите години на 20 век, реката Межа станала позната како најзагадената река во Словенија. Денес состојбата на реката е многу подобра.

  1. Rivers, longer than 25 km, and their catchment areas, Statistical Office of the Republic of Slovenia
  2. Surface streams and water balance of Slovenia, Ministry of the Environment and Spatial Planning