Селото се наоѓа во западниот дел на областа Овче Поле, на 4 километри западно од општинскиот центар Лозово, 15 километри североисточно од Велес и 28 километри југозападно од Свети Николе.
На крајот на XIX век селото било дел од Штипската каза на Отоманското Царство. Според податоците на бугарскиот етнограф Васил К’нчов, селото во 1900 година имало 740 Турци.[2] Како турско село означено било и од страна на Леонард Шулце Јена и Димитар Гаџанов.
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 249 жители, од кои 190 Македонци, 14 Албанци, 15 Турци, 1 Србин, 17 Бошњаци и 12 лица без податоци.[5]
На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[6]
Според истражувањата од 1958 година, родови во селото:
Турски
Доселеници:Ибишалар (1 к.), Еминалар (1 к.), Араплар (1 к.), Домазетлер (2 к.), Мусалар (1 к.), Кадирлар (2 к.), Алитлар (4 к.), Енчелер (2 к.), Чилолар (3 к.), Нурчелер (2 к.), Такишилер (1 к.), Нарчелер (2 к.) и Акчелер (1 к.). Првите три рода најстари доселеници во селото. За кои претпоставуваат дека се доселени во средината на XVIII век. Другите се доселиле подоцна. За родот Араплар се наведува дека бил од Арабија.
Бошњачки
Доселеници: Се доселиле од 1954 до 1958 година. Се доселиле од околината на Плевља (45 семејства). Од тамошните села Бурковица, Бољаница, Потпреќе, Поблача и Мељак. Од околината на Фоча (15 семејства) поголемиот дел од тамошното село Слатина. Од околината на Препоље (20 семејства). Од околината на Нови Пазар (10 семејства), од тамошното село Нова Пољана, и др. Сепак многумина од нив подоцна се иселиле во Турција.
Албански
Доселеници: Доселени во исто време со Бошњаците. И тоа доселени од околината на Урошевац (15 семејства). Околината на Прешево и Бујановац (40 семејства). Околината на Гнилане (20 семејства). Околината на Призрен (10 семејства). Околината на Ѓаковица (6 семејства). Околината на Куманово (5 семејства). И околината на Косовска Митровица (5 семејства). И дел од нив се иселени во Турција.
Ромски
Доселеници: Доселени се од 1954 година па натака. Од околината на Лесковац (3 семејства), кои зборуваат на албански јазик.[7]
Секоја година на ден Велигден, Милино ја слави својата селска слава, на која сите иселеници се враќаат дома за да се видат со своите роднини и пријатели.
Стари македонски и православни ромски родови иселени од ова село има во селото Судик и во градот Велес. Сепак најголеми се иселувањата на Турците. Од ова село се имаат иселено преку 177 турски семејства. Потомците на иселените Турци од ова село живеат главно во Измир (околу 90 %), а во помал дел во Истанбул и Лилебургас. Има и сосема иселени турски родови, како Чамелет, Иболар, Дестанлар, Алимлар и други.[7]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
↑Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтатАрхивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
↑ 7,07,1Трифуноски, Јован (1961). Овчеполска Котлина.