Милја Μηλέα | |
---|---|
Координати: 40°11′N 21°29′E / 40.183°N 21.483°E | |
Земја | Грција |
Област | Западна Македонија |
Округ | Гребен |
Општина | Гребен |
Најм. вис. | 650 м |
Население (2011)[1] | |
• Општ. един. | 205 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Пошт. бр. | 51030 |
Повик. бр. | 24620 |
Милја (грчки: Μηλέα) — село во Гребенско, Егејска Македонија, денес Грција. Според пописот од 2011 година селото има 205 жители.
Селото се наоѓа на околу 15 километри северно од градот Гребен. Современото село Милја е изградено во средината на 1960-те години на 1,5 километар на север од дотогашното село Милја.
Во 1963-1964 година со цел да се избегнат честите појави на свлечишта, жителите од селото Милја се иселени на 1,5 километар на север во новооснованото село Милја. Оттогаш старото село се нарекува Стара Милја (Παλιά Μηλιά, Палија Милја). Во него е сочувана црквата „Свети Димитар“ од 1900 година.[2]
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 367 | 381 | 295 | 372 | 233 | 306 | 205 |
Населението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство.
|