Насилничко лето

„Насилничко лето“ (италијански: Estate violenta) — филм на режисерот Валерио Ѕурлини (Valerio Zurlini) од 1961 година. Ѕурлини е автор и на сценариото, заедно со Зузо Чеки Д’Амико (Suso Cecchi D'Amico) и Џорџо Проспери (Giorgio Prosperi). Главните улоги ги играат: Жан-Луј Трентињан (Jean-Louis Trintignant), Елеонора Роси Драго (Eleonora Rossi Drago), Енрико Марија Салерно (Enrico Maria Salerno) и Лила Брињоне (Lilla Brignone).[1]

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Во филмот се прикажува љубовната врска на синот (го игра Трентињан) на истакнат фашист, кој се обидува да ја избегне регрутацијата и вдовицата (ја игра Роси Драго) на еден поморски офицер, која е постара од него. Дејствието се одвива во италијанското летувалиште Ричоне, летото 1943 година, во времето на симнувањето на Мусолини од власта и сојузничката инвазија на Сицилија.