Небка | |||||||||||||||||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Нехерох, најверојатно иста личност со Санахт | |||||||||||||||||||||||||
Картуша со името на Небка од Кралски список од Абидос | |||||||||||||||||||||||||
Фараон на Египет | |||||||||||||||||||||||||
Владеел | не е сигурно, најверојатно XXVII век п.н.е., 6 години,[1] 19 години според Торинскиот канон,[2] 28 години, Трета династија | ||||||||||||||||||||||||
Претходник | Сехемхет (најверојатно), Каба или Хасехемви | ||||||||||||||||||||||||
Наследник | Каба, Хуни или Џосер | ||||||||||||||||||||||||
Владетелски звања
|
Набка (што значи „Господар на ка“) — владетелско име на раноегипетскиот фараон од Третата династија за време на Старото Кралство, во XXVII век п.н.е. Се смета за истоветен на хеленизираното име Нехерох (Νεχέρωχις), забележно од страна на египетскиот свештеник Манетон во многу подоцнежниот Птоломејски период под македонска власт.
Повеќето египтолози сметаат дека Набка е кралското име Санахт, третиот или четвртиот владетел на Третата династија, кој тешко се потврдува со археолошки докази и мора да имал кратко владеење. Постарите хипотези следеа по два извори на Новото Царство, кои го наведуваат Небка во време на основањето на Третата династија, став за кој сега се верува дека е во спротивност со археолошките докази. Гробницата на Небка не е најдена со сигурност, и предложени се три места: мастабата во Беит Халаф му се припишува на Санахт од страна на Џон Гарстанг, структура од тули од кал во Абу Раваш, која се смета за гробот на Небка од страна на Свелим и Додсон и недовршената северна пирамида во Завјет ел-Аријан.
Најраниот извор за името на Небка е гробницата мастаба на висок функционер од крајот на Третата династија, Ахетаа, кој меѓу другите функции бил и „свештеник на Небка“.[4][5][6] Точната местоположба на мастабата на Ахетаа сега е заборавена, што ги попречува понатамошните истражувања. Може да биде во близина на Абусир каде што некои релјефни блокови од гробот се повторно употребени како градежен материјал.[7]
Следниот најстар извор се наоѓа во една приказна запишана на Весткарскиот папирус, кој датира од Седумнаесеттата династија, но најверојатно бил запишана за време на период од Средното Кралство,[8] веројатно на крајот од Дванаесеттата династија.[9] Таму, кралот Небка е споменат во приказната позната како „Небка и крокодилот“, која се однесува на прељуба и типична казна за тоа за време на Старото Кралство. Приказната фрла позитивно светло врз личноста на кралот Небка, кој е прикажан како строг, но законски судија. Тој казнува зло и неетичко однесување, во овој случај предавство на неверна жена со смртна казна.[10][11]
Следните историски извори датираат од Деветнаесеттата династија: Кралскиот таблет од Сакара го споменува Небкара близу до крајот на Третата династија како непосреден наследник на Сехемкет и претходник на Хуни. Небкара, најверојатно, е варијанта на името Небка.[12][13][14] Списокот на кралеви од Абидос и Торинскиот канон го споменуваат кралот Небка, овој пат како основач на Третата династија.[15]
Идентитетот на Небка во однос на другите владетели од Третата династија сега е делумно решен. Повеќето научници вклучувајќи ги Томас Шнајдер,[2] Дарел Бејкер,[17] Петер Клејтон,[18] Мајкл Рајс,[19] Доналд Лепрохон[3] и други, се убедени дека Небка е идентичен со Хор-Санахт. Ова мислење е засновано врз единствен фрагментарен печат на глина откриен од Гарстанд во 1902 година во Бејт Халаф,[20][21] наоѓалиштето северно од Абидос.[22] Курт Сете на оштетениот печат видел серех на Санахт до картуша во која има фрагментарна архаичен облик на знакот за „ка“.[23] Се верува дека картушата е доволно голема за да го содржи понатамошниот знак „Неб“.[21]
Гробницата на Небка не е сместена со никаква сигурност, ниту пак на Санахт. Гарстанг, кој ја ископал мастабата К2 во Бејт Халаф, верувал дека му припаѓала на Санахт, бидејќи таму биле пронајдени печати со името на овој фараон.[20][24] Дитер Арнолд и другите египтолози сега сметаат дека мастабата К2 не е кралски гроб.[25]