Невестата од Абидос (Делакроа)

Невестата од Абидос (околу 1843-1849 година) од Ежен Делакроа.

Невестата од Абидос (француски: La Fiancée d'Abydos) или Селим и Зулеjка ― наслов на две дела на Ежен Делакроа, едно во Музејот на ликовни уметности во Лион (пред 1849 година) и друго во Лувр (1843–1849 година).[1]

Двете дела ги прикажуваат ликовите Селим и Зулејка од истоимената песна на Лорд Бајрон, напишана откако тој го препливал Хелеспонтот меѓу Абидос и Сестос имитирајќи го Леандер.