Обрад Глушчевиќ | |
---|---|
Роден(а) | 17 јануари 1913 Метковиќ, Австроунгарија |
Починал(а) | 5 септември 1980 Загреб, СФРЈ | (возр. 67)
Занимање | режисер, сценарист |
Активен период | 1948–1980 |
Обрад Глушчевиќ (17 јануари 1913 – 5 септември 1980) бил југословенски и хрватски филмски режисер. Тој напишал и режирал околу дваесет документарни филмови, пет долгометражни филмови и две телевизиски серии.[1]
Роден во Метковиќ, Глушчевиќ првично започнал да глуми во театрите во близина на Дубровник. Негови први значајни дела биле документарни и краткометражни играни филмови направени во 1950те и 1960те, кои биле наградувани на филмските фестивали во Венеција, Кан, Оберхаузен и Белград.[2]
Во средината на 1960те, Глушчевиќ започнал да снима долгометражни играни филмови, снимајќи три филмови кои го отсликуваат животот во руралната Далмација: Турбулентно лето (1964), Човек од светот (1965) и Голиот човек (1968). Потоа тој режирал два детски филмови (Осамен волк во 1972 и Капетан Микула Мали во 1974). Микула мали бил подоцна проширен во телевизиска серија која била емитувана во 1976 година. Глушчевиќ исто така бил автор на популарната југословенска телевизиска серија за деца Јеленко во 1980 година продуцирана од Радиотелевизија Загреб.
Глушчевиќ бил одликуван со наградата Владимир Назор за животно остварување во филмската индустрија во 1978 година. Тој починал во Загреб во септември 1980 година.[3]