Охридско евангелие или Охридски глаголски листови (латински: Evangelium Achridanum; руски: Охридские глаголические листки) е глаголичен ракопис од 10ти век.[1] Содржи делови од Евангелието по Лука и делови од Евангелието по Јован,[2] напишани на 20 листови на пергамент, секој со димензии од околу 17 cм × 20 cм (0.56 ст × 0.66 ст).[3]
Овие фрагменти биле откриени од рускиот научник Виктор Григорович во 1845 во Охрид, и на 1 мај 1865 го поклонил на збирката на Универзитетот во Одесаa. Биле чувани во универзитетот биле до 1930, а денес се чуваат во Одеската национална научна библиотека. Текстот за прв пат бил објавен од Измаил Срезневски.[4]
|journal=
(help)