![]() Бевин на Светското друмско првенство 2018 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Патрик Бевин | ||
Прекар | Педи | ||
Роден | 2 мај 1991 Хамилтон, ![]() | ||
Висина | 1,80 м | ||
Маса | 75 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Интермарше-Сиркус-Ванти | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Аматерски клубови | |||
2009 2010 | Биси Вида Рубикон Орбеа | ||
Професионални клубови | |||
2010–2013 2014 2015 2016-2017 2018- | Бисел Search2retain-Health.com.au Аванти Рејсинг Тим Канондејл-Драпак Ванти-Груп Гобер | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 23 јануари 2019 |
Патрик Бевин (англиски: Patrick Bevin; р. 2 мај 1991) — новозеландски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Интермарше-Сиркус-Ванти.[1][2]
Во 2009 година, Бевин возел за новозеландската екипа Биси Вида. Во овој период освоил две етапи на Трката околу Саутленд 2009 и ја освоил друмската трка на Океанското друмско првенство. Бил прогласен за новозеландски јуниорски друмски велосипедист на годината.[3] Потоа, Бевин се преселил во САД и кратко настапувал за развојната екипа Рубикон Орбеа, со значаен успех и бил забележан од екипата Бисел, американска континентална екипа.[3] Бевин возел за Бисел до распуштањето на екипата на крајот на сезоната 2013.[4] Во овој период освоил неколку критериуми и класикот Бакс Каунти 2012.[5] Во текот на сезоната 2014 возел за австралиската екипа Search2retain-Health.com.au, освојувајќи ја трката во главниот град, со што заработил договор со Аванти Рејсинг Тим за 2015.[6] Во 2014 година возел за новозеландската екипа на Ан Пост Рас 2014, каде освоил две етапи и бодовниот пласман и кратко го предводел генералниот пласман.[5]
Во 2015 година, возејќи за Аванти, Бевин завршил на третото место на националното хронометарско првенство и на шестото место на националното друмско првенство. Откако завршил на 13. место на друмската трка „Кедел Еванс“, возел на Хералд Сан Тур 2015. На оваа трка завршил помеѓу првите 10 на три етапи, вклучувајќи победа на завршната етапа (негова прва професионална победа).[7] Завршил втор на крајот на трката, 11 секунди зад Камерон Мајер (Орика-ГринЕЏ).[8] Негова следна трка била класикот РЕВ во Нов Зеланд, каде победил во спринт на тројца велосипедисти.[9]
Потоа, Бевин учествувал на Трката околу Тајван 2015. Ја освоил втората етапа пред Хосеин Аскари и го преземал водството на трката.[10][11] Откако го изгубил водството од Самад Пурсеједи (Тебриз Петрокемикал Тим) следниот ден, Бевин завршил четврти во генералниот пласман и го освоил бодовниот пласман, завршувајќи во првите десет на четири од петте етапи.[12] Негова следна професионална трка била Трката околу Кореја. Бевин завршил прв на четвртата етапа (победувајќи го Кејлеб Јуан во спринтот) и втор на другите пет. Исто така, завршил втор во генералниот и бодовниот пласман.[7]
Во август 2015 година било објавено дека Бевин потпишал двегодишен договор да вози за екипата Канондејл-Гармин, опишан како „возач кој има изгледа има сè“.[13]
Бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања 2016.[14] Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.[15]
Голема трка | 2016 | 2017 | 2018 |
---|---|---|---|
![]() |
— | — | — |
![]() |
— | 114 | СО |
![]() |
СО | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
![]() |
„Патрик Бевин“ на Ризницата ? |