Автор | Александар Пушкин |
---|---|
Изворен наслов | Путешествие в Арзрум во время похода 1829 года |
Земја | Русија |
Јазик | Руски, со малку француски |
Жанр | Патопис |
Издавач | Современик |
Издадена | 1836 |
Медиум | Печатено |
Патување во Арзрум (руски: «Путешествие в Арзрум»; целосен наслов: Патување во Арзрум за време на кампањата од 1829 година, «Путешествие в Арзрум во время похода 1829 года») ― патописно дело за патувањето на Александар Пушкин. Првично било напишано од Пушкин во 1829 година, делумно објавено во 1830 година, преработено во 1835 година, а потоа целосно објавено во Пушкиновото списание „Современик“ во 1836 година.[1]
Делото ги раскажува патувањата на поетот на Кавказот, Ерменија и Арзрум (модерен Ерзурум) во денешна источна Турција во времето на Руско-турската војна (1828–29). Императорските власти никогаш не му дозволиле на Пушкин да патува во странство и му било дозволено да патува само до Тифлис (Тбилиси), денешниот главен град на Грузија и тогашната Кавкаско Наместништво. Неговото неовластено патување преку границата со Османлиската Империја, го налутило императорот Николај I, кој „се заканил дека уште еднаш ќе го ограничи Пушкин на својот имот“.[2]
Текстот на Пушкин го оспорил, иако не го отфрлил целосно, ориенталистичкиот романтизам на неговиот претходник „Кавкаскиот заробеник“.[3] Како резултат на тоа, делото не било популарно примено од современите читатели кои очекувле романтична епска песна за Кавказот.[4]
„Патување во Арзрум“ подоцна било прилагодено во филм за време на советската ера. Произведено од Ленфилм и објавено на 100 годишнината од смртта на Пушкин во 1937 година, бил режиран од Мојсеј Левин, а во главна улога го глумел Дмитриј Журављов како Пушкин.[5]
|