Педро Гонсалес Сероло (20 јули 1960 година, Каракас – 9 јуни 2015 година, Мадрид)[1] бил шпанско - венецуелски адвокат, политичар и градски советник на градот Мадрид,[2] и член на Федералниот извршен комитет на Шпанска социјалистичка работничка партија[3] каде ја извршувал функцијата секретар за социјални движења и односи со невладини организации. Тој исто така бил повереник на Фондацијата ИДЕАС, тинк-тенк на Шпанска социјалистичка работничка партија.
Сероло исто така бил еден од најважните ЛГБТ активисти во шпанската историја и еден од најголемите промотори на проширувањето на правото на брак и посвојување на хомосексуалните парови во земјата.[4] Сероло станал геј икона меѓу шпанската ЛГБТ заедница.[5]
Сероло е роден во Каракас, Венецуела,[2] во семејство родум од островот Тенерифе, еден од Канарските Острови. Неговиот татко, Педро Гонсалес, живеел во егзил од тамошната франкистичка влада. Педро Гонсалес бил првиот градоначалник на Сан Кристобал де Ла Лагуна (Тенерифе) во време на демократијата и исто така познат сликар.[6]
Педро Сероло продолжил да студира право на Универзитетот во Ла Лагуна на Тенерифе, каде што ги поминал детството и адолесценцијата. По стекнувањето диплома, се преселил во Мадрид, каде што ги продолжил студиите, фокусирајќи се на компаративното право. Во исто време, тој соработувал со католичкиот свештеник Енрике де Кастро во проект за помош на луѓето од сиромашното Мадридско барио Ентревиас.
Преку неговата работа со правото и политиката, тој станал еден од најпознатите активисти на ЛГБТ движењето во борбата за брачна еднаквост во Шпанија.
На 1 октомври 2005 година, Сероло се оженил со Хесус Сантос, неговиот десетгодишен партнер, на граѓанска церемонија. Истата година тој ги застапувал во бракот на Анхелес Алварез и Тереза Хередеро кои станале првите две лезбејки што се венчале во Мадрид.[7]
На 55-годишна возраст, Сероло починал од рак на панкреасот на 9 јуни 2015 година во Мадрид.[8]
Педро Сероло работел и како адвокат и како политичар во текот на неговата професионална кариера. Во 1992 година, тој станал правен консултант за Colectivo Gay de Madrid (Геј колектив од Мадрид, COGAM ). Кон крајот на 1993 година, тој бил избран за претседател на организацијата.[9] Тој потоа обезбедил правна помош на Federación Estatal de Lesbianas, Gays, Transexuales y Bisexuales (Национална федерација на лезбејки, хомосексуалци, транссексуалци и бисексуалци, FELGTB). Во 1998 година станал претседател на таа организација FELGTB. Тој бил реизбран во 2000 и 2002 година.
Во 2001 и 2003 година тој учествувал во преговорите меѓу пратениците од опозицијата и владата за пет измени на шпанскиот Граѓански законик во врска со истополовите бракови.
Во 2004 година тој се приклучил на одборот на директори на Меѓународната асоцијација за лезбејки и хомосексуалци. Исто така, во 2004 година, тој поднел оставка како претседател на FELGTB откако бил избран во Сојузниот извршен комитет за советник за Град Мадрид од страна на Шпанската социјалистичка работничка партија (PSOE). Бил раководител на Секретаријатот за општествени движења и односи со невладините организации и на 36 и на 37 конгрес. Сè до 38. Конгрес во 2012 година, каде што е избран за нов извршен директор на ПСОЕ. Во текот на неговата работа со Социјалистичката партија тој можел да ги поддржува и брани правата на ЛГБТ во Конгресот на пратениците. Сероло се обрати на шпанскиот конгрес на пратеници за време на дебатата за граѓанските партнерства. Тој се појави и во шпанскиот Сенат за да ја осуди дискриминацијата на геј заедницата во Шпанија.
На 11 декември 2015 година, радио клубот Тенерифе Кадена Сер му ја доделил „Наградата Теиде де Оро“ постхумно.
Во јули 2015 година, Градскиот совет на Мадрид одлучи да го смени името на Плаза де Васкез де Мела во Плаза де Педро Сероло во чест на него. Плоштадот бил отворен на 14 мај 2016 година во мадридската населба Чуека. Градоначалничката на Мадрид, Мануела Кармена; Генералниот секретар на PSOE, Педро Санчес; генералниот секретар на ПСОЕ-Мадрид, Сара Ернандес; и членовите на ЛГБТИ колективот биле сите присутни на инаугурацијата.
Во негово име биле почестени и други посвети како што се плоштадот на југот на Тенерифе во вилата де Адеје и градината на Елче (провинција Аликанте).
Малага, Мурсија и Сан Кристобал де Ла Лагуна во Тенерифе имаат планови да посветат или плоштади или улици во негово име. И на крај, Алказар де Сан Хуан планирал да посвети и театар на отворено во негова чест.
Кабилдо де Тенерифе го прогласил Педро Сероло за прославен син на Тенерифе на 14 јуни 2019 година.[10]