Петар Сариќ

Петар Сариќ (српски: Петар Сарић, 1937, Горњи Тупан, Бањани, Кралство Југославија - 2023, Косовска Митровица, Косово) — српски писател.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Петар Сариќ е роден во 1937 година во селото Горњи Тупан, во Бањани, во околината на Никшиќ, Црна Гора. Работниот век, од 1958 година, го минал на Косово и Метохија, работејќи како уредник, а потоа и директор на издавачкото претпријатие „Јединство“ во Приштина. Тој е еден од потписниците на Отвореното писмо на Друштвото на книжевниците на Косово од 1985 година во кое се укажува на тешката состојба на Србите на Косово и Метохија. Живеел во Брезовица, во близината на Штрбац. Умрел во Косовска Митровица, а бил погребан на 7 октомври 2023 година во Брезовица.[1]

Творештво

[уреди | уреди извор]

Од 1964 година, Сариќ oбјавил је пет збирки песни, осум романи, една драма и публицистичката книга „ И на времето му се загуби трагата“ (И времену се затурио траг). Неговите дела се преведени на повеќе јазици, а исто така, тој е застапен во периодиката и во неколку антологии. Добитник е на неколку книжевни награди, како: „Меша Селимовиќ“ (2009), Вуковата награда (2012) и „Златниот крст на Кнезот Лазар“ (2016). Книжевната критика го оценила неговто творештво како „стожер на српската книжевност на Косово и Метохија“. Тој се смета за најзначајниот српски прозен писател во Косово и Метохија, како и еден од најважните современи српски писатели.[1]