Пештерица | |
Координати 41°23′21″N 21°36′07″E / 41.38917°N 21.60194°E | |
Регион | ![]() |
Општина | Прилеп |
Население | нема жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | |
![]() |
Пештерица — историско село во јужниот дел на Македонија, на територијата на денешна Општина Прилеп. Се наоѓа на атарот на селото Ореовец.
Селото било сместено на Ореовечка Река (Пештерица) на неколку километри североисточно од Прилеп, денес под водите на вештачкото Прилепско Езеро.
Крај Пештерица е откриена ранонеолитска населба.[2] На брегот на денешната брана е откриена римска вила од III - IV век во која се пронајдени монети од Константин I Велики до Теодосиј I Велики.[3]
Селото се споменува во турските пописни дефтери од 1467/68 година, како дел од Прилепскиот Вилает (Vilayet-I Prilepe) под името П-ш-т-р-и-ч-а и имало 12 семејства, 1 неженет и 1 вдовица, сите христијани.[4]
Селото е споменато и во Трескавечкиот поменик од XVII - XVIII век. Според академик Иван Дуриданов етимологијата на името е дериват од пештерата, која е од праславјанското.[5]
Во XIX век Пештерица е мало македонско село во Прилепската каза на Отоманското Царство. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Пештерица (Peschtéritza) било село со 18 домаќинства и 88 жители Македонци.[6]
Според статистиката на Васил Кънчов ("Македонија. Етнографија и статистика") од 1900 година Пештерица има 90 жители, сите Македонци христијани.[7]
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Пештерица се води како чисто македонско село во Прилепската каза на Битолскиот санџак со 13 куќи.[8]
Во почетокот на XX век населението на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. Според податоците на секретарот на егзархијата Димитар Мишев ("La Macédoine et sa Population Chrétienne") во 1905 година во Пещерица (Pechteritza) имало 80 Македонци.[9][10]
Селото е потопено во изградбата на Прилепското Езеро.