Пливски Водопад | |
---|---|
Јајцешки Водопад | |
![]() | |
Место | Јајце, Босна и Херцеговина |
Вид | Расцепкан |
Надм. висина | 1000 м |
Вкуп. висина | 22 м |
Слапови | 1 |
Највисок слап | 30 м |
Прос. ширина | 30 м |
Река | Плива |
Прос. истек | 3 м3 |
Пливскиот водопад ― водопад кој се наоѓа во близина на гратчето Јајце, во средишна Босна и Херцеговина, каде што реката Плива се спојува со реката Врбас. Водопадот е голем туфа, исто така познат како травертинска пречка, која прави каскада над 22 метри на реката Плива, во тесна карстна зона, која го следи текот на Плива, повлечена во контактна зона со флиш и варовник. Бил висок 30 метри, но по земјотресот за време на босанската војна и нападите врз електраната подалеку од реката, областа била поплавена и сега водопадот е висок 22 метри.
Јадрото на старата Јајцешка тврдина, вклучувајќи го иводопад, и други засебни наоѓалишта надвор од периметарот на тврдината, како што се Јајцешкиот митреј, е определен за „природни и архитектонски ансамбл на Јајце“ и предлог за упис во УНЕСКО на списокот на светско културно наследство. Понудата за прием во моментов е ставена на пробната листа на УНЕСКО.[1][2]