Подриње – област околу реката Дрина, меридијански издолжена, поделена меѓу Србија и Босна и Херцеговина.[1][2]
Околу долниот тек на реката во српското Подриње се издвојуваат неколку микрорегии: Азбуковица, Јадар, Лешница, Мачва, а во Босна: Семберија и Бирач. На север се граничи со Посавина. Подриње е изградено од разновидни стени, меѓу кои се и магматските, со рудници околу Крупањ, Зајача, Зворник, Власеница, Сребреница, Братунац ... (антимон, олово, цинк, боксит и др.).[2]
Подриње е стопански недоволно развиено, претежно земјоделско и хидроенергетски исклучително богато (хидроелектрани Бајина Башта, Зворник и Вишеград). Дрина е хидроенергетски најбогата река од бивша Југославија.[2] Од земјоделски аспект, Подриње е познато по производство на јагодесто овошје, малини и капини, особено на подрачјата на Братунац и Љубовија. Подриње нема добри сообраќајни врски - пруга од Шабац до Зворник и пат од Бајина Башта (преку Љубовија). Кањонскиот и клисурскиот дел на долината на Дрина е непогоден за изградба на сообраќајници, иако реката просекува природен пат низ Динаридите далеку на југ. Подриње е слабо населено и без поголеми градови, меѓу кои Лозница е најголем.[3]
Во Подриње се наоѓаат седум природни бањи – четири во српскиот дел:Бадања, Бања Ковиљача, Бања (Прибој), Радаљска Бања, а во босанскохерцеговскиот, три: Бања Дворови, Бања Губер, Вишеградска Бања.[4][5]
Градови во Босна и Херцеговина:
Градови во Србија (Западна Србија):
|