Вид | урбана легенда |
---|---|
Подвид | формоменувачи шејтан |
Слични суштества | инкуб |
Првпат забележано | Пемба (1965) |
Последно забележано | Дар ес Салам (2007)[1] |
Други имиња | Лилјак со крилја |
Земја | Занзибар, Танзанија |
Попобава (свахили: Popobawa), исто така познат како Попо Бава, е назив за зол дух за кој се верува дека живее на острвовот Пемба во Танзанија. Во 1995 година тој бил фокусот за избивање на голема масовна хистерија и паника која се ширела од островот Пемба до островот Унгуја во Занзибар.[2]
Попобава се опишува на различни начини. Некои го опишуваат како лилјак. Може да се преобрази во човек или во било кое друго животно. Попобава ги посетува огништата преку ноќ, но исто така се појавува и преку ден. Некои тврдат дека во негово присуство се чувствува силен мирис на сулфур. Неговите напади преку ноќ можат да содржат физички напад, или напад на полтергајст. Жртвите честопати зборуваат на други дека биле нападнати, а затоа се повторно нападнати од Попобава ако го направат тоа. Многумина се обидуваат да се заштитат од напад така што ја поминуваат ноќта будни надвор од своите куќи. Најмногу напади се случиле во Занзибар и на островот Пемба.[3]