Пустец Pustec / Liqenas | |||
---|---|---|---|
општина | |||
Карта на Општина Пустец со сите населени места | |||
| |||
Координати: 40°47′13″N 20°54′08″E / 40.78694° СГШ; 20.90222° ИГД | |||
Земја | Албанија | ||
Област | Горица | ||
Општина | Пустец | ||
Надм. вис. | 861 м | ||
Население (2013) | |||
• Вкупно | 4.400 | ||
Рег. таб. | KO |
Пустец (албански: Pustec; до 2013 г. Liqenas, Лиќенас) — село и општина во Мала Преспа, Албанија, во рамките на областа Горица (Корча) со македонско население.
Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец (Opshtina Pustec), која од 1973 до 2013 г. се нарекувала Лиќенас (Komuna Liqenas) и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро. Градоначалник на општината е Едмонд Темелко (победник на изборите одржани на 18 февруари 2007), а сите членови на советот на општината се исто така етнички Македонци. Грбот на општината го содржи древниот македонски симбол Ѕвезда од Кутлеш над кое стои натпис на македонски Општина Пустец, а под него на албански. Тоа е всушност прв случај на официјална употреба на македонскиот јазик во Албанија.
Во атарот на Пустец се наоѓа островот Мал Град.
Во атарот на Пустец се познати следниве позначајни топоними:[1]
Апстара, Арапица, Бабите, Башите, Божурките, Брекина, Варниците, Габро, Гапче, Гола Чука, Голина, Горица, Граци, Грашишта, Гробишник, Гуалник, Ѓуптино, Дебелес, Долимано, Доличките, Долно Родостински, Долчето, Драгва Нива, Дрен, Дрмељ, Змија, Иљојте, Јамите, Јамје, Јарината, Калаузо, Колиња, Кољојца, Коријата, Косто Дол, Кравите, Л’ка, Ливадата, Магур, Мал Град, Мали Магур, Мали Манстир, Мечката, На Кол, На Поле, Над Камен, Новото, Патеш, Плошта, Прливец, Пустец, Рачара, С’ржејнца, Секоите, Сината Нива, Скапецот, Смокоите, Сопот, Стари Кладенец, Сува Гора, Точкојца, Улјајнца, Цероите, Чежмите, Шантајца.
Општина Пустец ги опфаќа следниве села:
Во селото постои црква „Св. Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.
Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.
Во 1900 година според Васил К’нчов селото броело 410 православни Македонци[2]. Во селото денес живеат околу 3.500 жители[3] од кои над 99 % се Македонци.
Година | Население |
1900 | 410 |
1926 | 515 |
1945 | 565 |
1960 | 697 |
1969 | 788 |
1979 | 941 |
1989 | 1.035 |
2000 | 1.120 |
2013 | 3.500 |
Пустец е македонско село.
Родови во селото се: Аговци, Бачиновци, Бојковци, Вељановци, Ватиовци (Ѓоргијовци), Вангеловци, Волкановци, Главчевци (доселени се од Церје во 1976 година), Дамовци, Дуровци, Ѓавовци, Журковци, Ѕрлевци, Јоновци, Колевци, Кољаковци, Малевци (доселени од Глобочани), Митревци, Мренкаровци, Наумовци, Ничовци, Пашкаловци, Поповци, Постоличините, Сотировци (доселени од Церје), Ставревци, Трајковци (доселени од Церје), Тенковци, Таневци, Трајановци, Цазовци, Џељовци и Ушкаровци.[4]
Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.
|
|