ГРК Борец | |||
---|---|---|---|
Целосен назив | Градски Ракометен Клуб Борец | ||
Основан | 12 февруари 1962 | (како Борец)||
Игралиште | Спортска сала Гемиџии | ||
Приемност | 3,500 | ||
Лига | Прва лига - Група 2 | ||
2018/19 | Супер лига, 12. (отпаднати) | ||
Бои | |||
Клупски бои | |||
Дресови | |||
Мреж. место Матична страница |
ГРК Борец — ракометен клуб од Велес, Македонија. Клубот моментално се натпреварува во Првата лига.
Во овој клуб, Пепи Манасков ја започнал својата ракометна кариера.
Во натпреварувачката сезона 1963/64, во екипата како големо засилување дошол ракометарот Миле Кратовалиев. На 12 февруари 1964 година за првпат клубот се појавил под името Борец, по соединувањето на Работнички и Железничар. Тогаш се комплетирал составот кој навести голем подем: Кирков, Кратовалиев, Донев, Гајдов, Мијаков, Ј. Васков, Ангелов, Ѓошев,Мишков, Пљаков, Жабев, Брзаков, Р.Васков, Лазов, Саздов, Настев, Клинчаров, Гигов.
Три години по ред 1965, 1966, 1967 година, Борец го освоил тие сезони во Републичкото првенство. Во тоа време како засилување пристигнале Бекуловски, Поп Арсов, Димитровски и Атанасовски. Таа генерација имала две неуспешни квалификации за влегување во Првата сојузна лига во Риека (1965) и Лесковац (1966). Во квалификацискиот турнир во Велес од 30 јуни до 2 јули 1967 година, Борец ги совладал сите противници: Бечеј, Сплит и Иванград и станал член на Првата сојузна лига за натпреварувачката сезона 1967/1968. Таа сезона 1967/68, Борец во првиот дел од првенството завршил на четвртото место. На крајот на сезоната Борец го освоил осмото место и опстанал во елитата. Во југословенскиот куп во таа натпреварувачка сезона, Борец елиминирал низа познати клубови и стигнал до финалето. На 25 мај во Кумровец, ракометарите на Борец биле победени со 21:13 (8:7) од тогашниот првак Бјеловар кој потоа станал и победник на Купот на Европските шампиони. Во тој состав биле: Гигов, Ѓошев, Клинчаров, Мијаков, Лазов, Димитровски, Ј.Васков, Р,Васков, Атанасовски, Баљуковски, тренер Николовски Панче и Кратовалиев Миле. Во овој период клубот освоил неколку меѓународни турнири во Варна од Бугарија, Мартин од Чехословачка, и Ротслав и Бив од Полска. Во ревијален натпревар ја поразил репрезантацијата на Македонија со висок резултат 22:11, а дури четири играчи на Борец се нашле на ранг листата меѓу најдобрите десет, Ѓорѓи Гајдов бил прв стрелев, Трајче Клинчаров четврти, Пеце Димитров седми,а Ангел Кирков деветти.
Доминацијата на велешкиот ракомет завршил со првенството на Првата сојузна лига 1968/69 година. Во понатамошниот период, клубот играл во Втората сојузна лига и Меѓурепубличката лига. Борец повторно бил освојувач на Македонската лига во сезоните 1977/78 и 1984/85.[1]
Со создавање на нови млади ракометари, новиот бран на подем почнал во сезоната 1992/1993 година кога по долгогодишното натпреварување во Втората сојузна лига со додавката Агропин, станал член на ново формираната Македонска Супер лига. Тоа била генерација на Т. Тутарков, Недев, Кузманов, Василев, Петров, Драган, Јовиќ, Хрстов, Јанев, Г. Шопов, Рунчев, Ангов, Кацаров, Николов, Крстев, Коцев, Илиев, Б. Чурлевски кој под раководството на тренерот Ангел Кирков го освоиле петтото место, за во наредното да се искачат едно место повисоко.
Во 1994 година Спортската сала во Велес била претесна да ги прими јубителите на ракометот кои одушевено го поздравиле освојувањето на Купот на Македонија. Во финалето бил совладан фаворизираниот Пелистер од Битола со 21:18. Тоа бил подвиг што го издале избраниците на тренот Кирков: Тутарков, Калановски, Петров, Илиев, Диневски, Кацаров, Аџиќ, Јовиќ, Коцев, Минов, Чурлевски, Г. Шопов.[1] Со тоа, Борец за првпат обезбедил право на учество на европска сцена.[2]
Во првото коло на Купот на европскиот куп на победници, Борец го елиминирл грчкиот претставник Архелос. Во второто коло, од рускиот Каустик од Волгоград, Борец доживеал два порази. Претседател на овој успешен период за Борец е Илинденко Стровјанов, кој за новата сезона повлече конкретни чекори за засилување на екипата при што за тренер бил ангажиран Јошко Петковиќ од СР Југославија и некои странски играчи со што Борец конечно создал тим за шампионска титула која била освоена во Супер лигата 1994/95.
Тој последен значаен успех во последнава деценија на XX век го постигнале: Тутарков, Петров, Радивоевќ, Пунчук, Сологуб, Косјуг, Јовиќ, Илиев, Котески, Николов, Диневски, Дугиќ, Кацаров, Тодоровски, Минов, Кимевски, Калановски, Колевски. Како првак на Македонија Борец повторно се појавил на европска сцена, овој пат во Купот на европските шампиони.[2] Повторно Борец успеал да го мине првото коло откако го елиминирал тимот на Динамо од Букурешт. Наредниот противник бил шампионскиот и европски првак Елгоријага од Бидасоа, од кој бил елиминиран.[1]
Во натпреварувачката сезона 1995/1996, Борец во Супер лигата го освоил третото место што му овозможи настап во Челенџ Купот, тогаш познат како Сити Куп.[2] Противник била португалската екипа Бенфика од Лисабон од кого ги загубиле двата натпревари, на свој терен (15:18) и во Лисабон (14:22).
По таа сезона, спонзорот на клубот си заминал, а со него и сите играчи, а клубот Борец се нашол во тешка криза, речиси пред ресформирање. Со крајни напори клубот бил консолидиран со поранешниот член на управата - Стојан Андов и таа натпреварувачка сезона 1996/97, клубот испаднал од Супер лигата. Во таа сезона за клубот настапувале: Тутарков, Колев, Кирков, Петров, Минов, Драганов, Коцев, Румцев, Илиев, Тодоровски, Кацаров, Шопов, Гичев, а трењери биле Николов и Васков.
Во натпреварувачката сезона 1997/98 Борец, по излегувањето од Супер лигата, настапил забележително подмладен, состав во кој од поранешните ракометари настапуваа само Петров и Кацаров и го освоиле петтото место во Првата лига во состав: Гигов, Петров, Марков, Игнов, Зарески, Анастасовски, Темелков, Мукиќ, Кацаров, Христов, Димов, Тодоровски, Кирков, Коцевски, Ѓуровски, Лазаревски, Пецаров, Андов, Танев, Добрамаџиски.
Во натпреварувачката сезона 1998/99, Борец во Првата лига го освоил четвртото место во состав: Гигов, Петров, Димов, Анастасовски, Христов, Јовановски, Климкаров, Кацаров, Тодоровски, Танев, Андов, Марков, Игнов, Лазаров, Манев, Коцевски, Димов, Наумовски, Прличков, Кирков. Во натпреварувачката сезона 1999/2000 година, Борец во Првата лига го освоил шестото место.[1]
Натпреварувачката сезона 2000/01 година се настапил под името Борец - Дервен и го освоил второто место во Првата лига. Сезоната 2001/02, поради зголемување на Супер лигата на десет екипи, Борец добил право на учество во елитата. Составот на екипата биле Кацаров, Наќов, Ѓуровски, Ангелов, Темелковски, Димов, Илиев, Петров, Виларов, Петров, Кирков, Димовски, Петров, Шопов, Панев, Панев, Митев, Диневски, тренер бил Васко Василев, а секретар Васил Нановски и претседател Илија Тепев. Тогаш Борец го освоил деветтото место.[1]
Во 2002/03 година како Борец Тедико во Супер лигата завршил на единаесеттото место во состав: Раповец, Кирков, Димовски, Марков, Петров, Петричев, Димовски, Илиев, Климкаров, Танески, Чолаков, Мандра, Панев, Малденовиќ.
Сезоната 2003/04 година Борец Тедико, за време на осмото коло од плејофот на Супер лигата, го напуштил натпреварувањето.
Во истата натпреварувачка сезона во Велес постоела друга екипа која се натпреварува во Првата лига под име Велес. Тоа всушност и била младинската екипа од Борец.
Во сезоната 2004/05, Борец во Супер лигата настапил со младинската екипа бидејќи квалитетните играчи го напуштиле клубот и овој млад состав го освоил последното место и испаднал од лигата. Составот на екипата бил: Меанџиев, Крстевски, Јанушев, Кочов, Николиќ, Андреев, Неделковски, Трчков, Стојковски, Лазаревски, Илиев, Дамјанов, Божинов, Бабунски, и тренер Н. Бисинов. Во оваа сезона младинците на Борец го освоиле првото место во младинската конкуренција.[1]
Во оваа натпреварувачка сезона во Првата лига, втората екипа на клубот - Весна го освоила петтото место во Првата лига.
Натпреварувачката сезона 2005/06, Првата лига била поделена на две групи по осум екипи на Запад во кој настапувал Борец и Исток во кој настапувала екипата на Весна.
Во сезоната 2006/07, ракометните екипи на Борец и Весна се натпреварувале во единствената Прва лига.
Натпреварувачката 2007/08, Првата лига повторно била раздвоена на Запад и Исток со по осум екипи. Во Исток настапувале и Борец и Весна. РК Весна поради финансиски проблеми се откажала во вториот дел од првенството. Борец го освоил второто место во групата и во разигрувањето на трите екипи од Исток и трите од Запад повторно бил втор и не успеал да се пласира во Супер лигата.[1]
Наредната натпреварувачка 2008/09, управата на Борец го презела клубот Младост од Богданци кој бил Суперлигаш. Екипата завршила последна и отпаднала во Првата лига.
Натпреварувачката 2009/2010, во Првата лига Борец ја започнува извонредно и на две кола пред крај го обезбедил првото место и пласман во Супер лигата. Составот на екипата бил: Игнов, Стојановски, Трчков, И. Лазаревски, С. Трчков, Стојковски Златко, Андреев, А. Лазаревски, Илиев, Темелковски, Костов, Мечавелов, Митевски, Мирчев, Петров, Крстевски. Тренер на екипата бил Шопов Тони, претседател Нановски Васил, директор Панче Николов и секретар Николиќ Стефан.[1]
|
|