![]() Минерална вода на Раденска | |
Држава | Словенија |
---|---|
Воведена | 1869 |
Извор | Раденци |
Вид | Минерална вода |
Калциум (Ca) | 220 |
Хлорид (Cl) | 44 |
Бикарбонат (HCO3) | 2000 |
Магнезиум (Mg) | 95 |
Калиум (K) | 70 |
Натриум (Na) | 400 |
Сулфат (SO4) | 72 |
Мрежна страница | www.radenska.si |
Сите концентрации во милиграми по литар (mg/L); pH без единици |
Раденска (изворно на словенечки: Radenska) ― словенечки светски познат бренд на минерална вода, заштитен знак на стопанското друштво Раденска доо. Тој е еден од најстарите словенечки брендови.
Развојот на стопанското друштво за минерална вода започнал во Раденци во 1869 година, кога Карл Хен, сопственик на земјиштето, ги наполнил првите шишиња минерална вода. До крајот на векот, друштвото продало над 1 милион шишиња.[1]
Во 1970 година, Раденска имала свое складиште во тогашното село Горно Лисиче, Скопско.[2]
Брендот за минерална вода Раденска три срца (Раденска три срца) е во употреба од 1936 година. Дизајниран е во 1931 година од илустраторот Милко Бамбич. Според авторот, трите срца симболизирале три поранешни народи на Кралството Југославија: Србите, Хрватите и Словенците.[3]
Друштвото е насловен спонзор на велосипедистичката екипа во УЦИ Континентал, Љубљана Густо Сантик.[се бара извор]