Рајца Rrajcë | |
---|---|
село | |
Поглед на селото | |
Координати: 41°6′N 20°35′E / 41.100° СГШ; 20.583° ИГД | |
Земја | Албанија |
Област | Елбасан |
Општина | Прењас |
Општ. един. | Рајца |
Надм. вис. | 690 м |
Население (2019) | |
• Вкупно | 12.121 |
Час. појас | CET (UTC+1) |
• Лето (ЛСВ) | CEST (UTC+2) |
Пошт. бр. | 3405 |
Рег. таб. | LB |
Рајца или Рајче (албански: Rrajcë) — село во општината Прењас на Елбасанската област, југоисточна Албанија. Населението е сочинето од поалбанчени Македонци-муслимани.[1]
Селото е сместено во јужните падини на планината Јабланица, во мала котлина недалеку од Охридското Езеро, на надморска височина од 690 м. Се наоѓа околу 3 км североисточно од општинскиот центар Прењас, во непосредна близина на границата со Македонија.[2]
Во XIX век Рајца било македонско-муслиманско село во Охридската каза на Битолскиот санџак. Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г., во селото Рајца имало 840 жители, сите Македонци-муслимани.[3][4] Тој забележал:
„ | Торбешите од с. Рајца, најјужното од подримските потурчени села, говорат само на албански и веќе се бројат како Албанци.[5] | “ |
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Рајца е претставена како чисто „албанско“ село во Охридската каза на Битолскиот санџак со 180 куќи.[6]
На почетокот на XXI век јазичарите Клаус Штајнке и Џелал Јули спровеле теренско испитување со цел да ја проверат тековноста на постарите извори за македонојазичните („словенојазични“) села во Албанија. Утврдиле дека Рајца било наполно „албанско“ и муслиманско село. Според сведоштво на постари жители, населението зборело само на албански.[1]
Сè до 2015 г. селото било седиште на Општина Рајца која се состоела од седум села.
Die Suche nach weiteren Ortschaften mit slavischsprachiger Bevölkerung verlief ergebnislos. Vor allem die für den Raum Korça, Bilisht, Pogradec und Librazhd in der Literatur häufiger genannten Dörfer wie Miras (Božigrad), Bulgarec, Tren, Buzëliqen (Zagradec), Buçimas (Starova), Proptisht und Rajca haben, wie die Überprüfung vor Ort zeigte, keine slavischprachige Bevölkerung mehr.... Überall spricht man aber ausschließlich Albanisch, und bereits die ältere Generation hat angeblich nur diese Sprache benutzt.... Buçimas und die Nachbardörfer wie Zagorçan usw. (Informant: Shaban Hoxha) sowie Rajca (Informant: Spase Tanasov) haben eine rein moslemische Bevölkerung, und man spricht dort nur Albanisch..
|