Религијата во Камерун има значајна улога во секојдневниот живот на луѓето во земјата. Христијанството, исламот и традиционалните регигии се трите главни религии во Камерун. Христијанските цркви и муслимански центри од разни деноминации слободно ги извршуваат своите верски практики во земјата[2].
Околу 70% од населението се христијани, 20% се муслимани и 10% ја почитуваат традиционалната религија.[2]. Други религиозни групи кои имаат помалку 1 % од населението се ортодоксните Евреи и Бахаите[2].
Христијанското население се дели меѓу римокатолици (32,4%), протестанти (30,3%) и други христијански деноминации (вклучувајќи ги и Јеховини сведоци) со 6% [2]). Римокатоличката црква во земјата има 24 епархии, 1.350 свештеници и 2.600 духовни лица.
Христијаните главно се населени во јужните и западните провинции. Треба да се напомене дека за разлика од вообичаеното верување, населението на три северни региони се речиси еднакво поделени меѓу христијани и муслимани. Двете англофонски провинции на западниот дел од земјата во голема мера се протестантски, додека франкофонските провинции на јужните и западните региони се главно католички и евангелски.[2].
Постојат поголем број на податоци околу процентот на муслиманите во земјата, и тој се движи од 20 до 24%[3]. Најголемит дел од муслиманите се сунити, со околу 12% од населението и 3% се шиити[4]. Во земјата, 48% од муслиманите припаѓаат на редот тарикат[5]. Исламот во земјата најмногу е концентриран во регионот на Адамава.
Во земјата живеат околу 4.000 приврзаници на бахајството[6]. Еврејското население е мало, со околу 50 луѓе[7].
|