Религија во Мозамбик

Религија во Мозамбик
Религија Процент
Христијанство
  
56,1 %
Ислам
  
17,9 %
Нерелигиозни
  
18,7 %
Останати
  
7,3 %

Религијата во Мозамбик има значајна улога во животот на земјата. Најголема религија во земјата според последниот попис на Националниот институт за статистика во 2007 година е христијанството со 56.1%, додека втора по големина е исламот со 17.9%, 18,7% немале религија, а 7,3% се придржувале кон други верувања[1]. Сепак има големо оспорување на овие проценти[2].

Религиозните заедници се расфрлани низ целата земја[3]. Северните провинции се претежно муслимански, особено по должината на крајбрежниот појас, но некои области во северниот дел на внатрешноста имаат посилна концентрација на протестантски или католички заедници[3]. Протестантите и католиците се генерално побројни во јужните и централните региони, но популацијата на муслиманското малцинство е исто така присутна во овие области[3].

Водечките муслимански водачи во земјата и Католичката црква во текот на историјата често се обидувале да ги елиминираат традиционалните домородни практики од нивните места за обожавање. Сепак, некои христијански и муслимански следбеници продолжуваат да ги инкорпорираат традиционалните практики и ритуали, а религиозните власти генерално дозволуваат такви практики.[3].

Странските мисионерски групи функционираат слободно во земјата. Некои групи нудат религиозни наставни центри во нивните локални заедници, додека други обезбедуваат стипендии за студентите да студираат во нивните земји.[3].

Уставот предвидува слобода на религијата, а Владата генерално го почитува ова право во пракса.[3].

Христијанство

[уреди | уреди извор]
Црква во Мозамбик

Според Националната дирекција за религиозни работи во Министерството за правда, евангелските христијани ја претставуваат најбрзо растечката религиозна група во земјата[3]. Општо земено, верските заедници имаат тенденција да ги привлекуваат своите членови од етнички, политички, економски и расни основи.[3].

Постојат 732 религиозни деноминации и 144 верски организации регистрирани во Одделот за верски работи на Министерството за правда[3]. Во извештајниот период биле регистрирани 10 деноминации и 20 религиозни организации[3]. Најголеми христијански религиозни групи се англиканци, Баптистите, Црквата на Исус Христос на светиите од подоцнежните дни, Методисти, Назарени, Презвитеријани, Јеховини сведоци, Римокатолици, Адвентисти на седмиот ден, како и Евангелисти, Православни и Пентекости[3].

Најголемиот дел од муслиманите се сунити кои припаѓаат на Шафиската школа под влијание на суфизмот. Во земјата има и мало шиитско муслиманско население, главно од јужноазиско потекло[3]. Растечката јужноазиска имигрантска популација главно е сунистичка која ја следи Ханифиската школа. Трите главни исламски организации се Исламски конгрес, Исламски совет и Азиската муслиманска заедница[3].

Останати

[уреди | уреди извор]

Еврејските, хиндуиските и бахајските верски групи се регистрирани и зазимаат многу мал процент од населението.[3].

Статистички податоци

[уреди | уреди извор]
Религиозна припадност во Мозамбик
Припадност 1997[4] 2007[1][5]
Христијани 49.1% 56.1%
Римокатолици 23.8% 28.4%
Zionist Christian 17.5% 15.5%
Евангелисти 7.8%[note 1] 10.9%
англиканци -[note 2] 1.3%
Муслимани 17.8% 17.9%
Нерелигиозни 23.1% 18.7%
Останати/Непознато 10.0% 7.3%
Забелешка
  1. На пописот од 1997 година, „Евангелистите“ биле во составот на „Протестантите“
  2. На пописот од 1997 година не постоела посебна категорија за „англиканци“
  1. 1,0 1,1 „The World Factbook - Mozambique“. Архивирано од изворникот на 2020-08-31. Посетено на 2017-06-21.
  2. Eric Morier-Genoud, “Renouveau religieux et politique au Mozambique: entre permanence, rupture et historicité”, Politique africaine, n°134, June 2014, pp.155-177
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 3,11 3,12 3,13 International Religious Freedom Report 2010: Mozambique. United States Bureau of Democracy, Human Rights and Labor Статијава содржи текст од овој извор, кој е во јавна сопственост.
  4. 1997 Census of Mozambique
  5. 2007 Census of Mozambique