Религија во Црна Гора

Верници во Црна Гора (2011)[1]
Православни
  
72,07 %
Муслимани
  
19,11 %
Католици
  
3,44 %
Други
  
5,39 %
Верите во Црна Гора според пописот од 2011 година

Црна Гора е мултирелигиозна земја. Иако православното христијанство е доминантна религија, постојат и многубројни приврзаници на исламот и католизмот. Доминантни цркви се Црногорската Православна Црква и Српската православна црква. Според уставот на Црна Гора, религијата е одвоена од државата и Црна Гора ја гарантира слободата за верска припадност.

Христијанство

[уреди | уреди извор]

Православие

[уреди | уреди извор]

Православното христијанство е вера која преовладува во Црна Гора. Приврзаниците на православното христијанство во Црна Гора се претежно Црногорците и Србите. Додека Србите се приврзаници на Српската православна црква и нејзината епархија во Црна Гора, Црногорците се поделени меѓу Српската православна црква и Црногорската православна црква (која не е канонски признаена).

Католицизам

[уреди | уреди извор]

Католичкото христијанство е најмногу присутно во регионот на Бока Которска, каде што има значително присуство на етнички Хрвати. Исто така, поголем број на етничките Албанци се верници на католичкото христијанството.

Муслиманите го образуваат најголемото религиозно малцинство во земјата. Во Црна Гора има околу 118.477 муслимани или 19,11% од вкупното население[1]. Тие се поделени во овие основни групи: Словенска, поделени меѓу босанските муслимани-Бошњаци и словенските муслимани, и етничките Албанци. Исламот е доминантна религија во северниот дел на општините.

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 Popis stanovništva, domaćinstava i stanova u Crnoj Gori 2011. godine, CRNA GORA ZAVOD ZA STATISTIKU, Podgorica, 12. 07. 2011. godine