![]() | |
Основан | 25 февруари 1995 |
---|---|
Место | Спалдинг, Линколншир, Англија |
Координати | 52°46′21″N 0°08′35″W / 52.77238°N 0.14314°W |
Тип | музеј |
Мреж. место | мрежно место |
Ромски музеј на Гордон Босвел (англиски: Gordon Boswell Romany Museum) — музеј посветен на животното дело на Гордон Босвел (починал на 27 август 2016),[1] кој собрал збирка од артефакти, фотографии и неколку примери од ромскиот вагон Вардо.[2][3][4][5] Музејот исто така располага со неколку превозни средства коишто не се ромски, вклучувајќи и погребна кола прдвижувана од коњ. Сместен е во Спалдинг во Линколншир, Англија.
Изградбата на мостови за неромското население била традициона во Босвеловото семејство. Неговиот прадедо бил важен извор на информации за ромските обичаи и јазик за викторијанските академици, меѓу кои и Џорџ Бороу. Босвеловиот татко Силвестер во 1970 година го објавил автобиотграфското дело „Кника на Босвел (англиски: The Book of Boswell),[6] во којашто е опишан ромскиот живот. Гордон Босвел постепено собирал вагони, коли и други артефакти за ромскиот живот низ годините. Музејот во коишто овие предмети се изложени бил отворен на 25 февруари 1995 година.[7]
Музејот е отворен во петок, сабота, недела и банкарските празници во периодот од Велигден до крајот на октомври секоја година. Пристап е овозможен до сите изложени предмети и за лицата со посебни потреби. Влезот е бесплатен. Музејот користи еден од вагоните за организирани обиколки на околната крајбрежна рамнина Фенланд.[8]