Самотник | |
---|---|
![]() | |
Женка | |
Научна класификација [ у ] | |
Непознат таксон (попр): | Chazara |
Вид: | Самотник |
Научен назив | |
Chazara briseis (Linnaeus, 1764) | |
Синоними | |
|
Самотникот (Chazara briseis) е пеперутка од видот на пеперутки окатки. Пеперугата живее и во Македонија.
Оваа пеперутка може да се најде во Северна Африка, Јужна Европа, Мала Азија, Кавказот па сè до Кина. Често живее во степи и други посушни предели на надморска висина од 500 до 2.500 метри.
Пеперугата има распон на крилја од 45 до 60 мм. Возрасните единки летаат од јули до септември, во зависност од локацијата.
Мажјакот и женката се слично по боја, само се разликуваат по големината. Горната страна на крилјата се доминантно темнокафени. Кон врвовите има нијанси на кремаста боја со црна точка. Долните краеви повторно преминуваат во темнокафеава. Рабовите се црни, телото и антените се темнокафени. Долната страна на крилјата се темнокафени.[1]
Ларвите се хранат со растенијата: Sesleria coerulea, Gramineae, Sesleria, Festuca, Stipa, Poa, Brachypodium и Lolium.
|