Сатима | |
---|---|
Највисока точка | |
Надм. вис. | 4001 м [1][2] |
Истакнатост | 2081 м [1] |
Координати | 0°20′59″S 36°37′00″E / 0.34972°S 36.61667°E |
Географија | |
Место | Кенија |
Матичен венец | Абердаре (област) |
Планината Сатима, позната и како Лесатима е трета по височина планина во Кенија и највисока во областа Абердаре. Името на оваа планина на масаи јазикот е Олдоињо Лесатима, кое има различни алтернативни правописи, како што е Ол Доњо Ле Сатима, и значи „планина на телето бик“.[3]
Врвот лежи на северниот крај на Абердаре, кој и самиот е долж источната страна на Големата долина, и е нивната највисока точка. Околу него има голем број остри вулкански конуси наречени „Забите на змејот“.[4] На северозапад од планината има морени меѓу 3.600 и 3.800 метри.[5]