Свиткување на лажица е име за очигледна деформација на објект, посебно од метален прибор за јадење, без никаква физичка сила. Тоа е честа форма на сценска магија или илузија.
Свиткувањето на лажица привлекло големо медијско внимание во 1970 кога некои луѓе тврделе дека имаат способност да предизвикаат таква појава со помош на паранормална психичка моќ. Најзначаен илузионист за ова бил Ури Гелер кој објавил многу свиткани метални лажици, како и уште неколку други свиткани метални објекти[1]. Најчест начин на свиткување на лажица е да се свитка со прсти. Кога постапката на свиткување се завршува, предметот најчесто се свиткува тамо каде тој е најтенок. Ова е чест илузионистички трик. Изведувачот го свртува вниманието на публиката додека со физичка сила го витка предмететот[2].