„Скопје '63“ | |
---|---|
Режисер | Вељко Булајиќ |
Продуцент | Стипе Гурдулиќ Ристо Теофиловски |
Сценарист | Јован Бошковски Стеван Булајиќ Ратко Ѓуровиќ Матеја Матески Ѓорѓе Старделов |
Кинематографија | Живорад Милиќ Љубе Петковски Драган Салковски Александар Секуловиќ |
Монтажа | Вељко Булајиќ |
Студио | Јадран филм |
Премиера | 12 март 1964 |
Времетраење | 77 минути |
Земја | Југославија |
Јазик | Српско-хрватски јазик |
Скопје '63 (на српско-хрватски: Skoplje '63) — југословенски црно-бел документарен филм од 1964 година, режиран од Вељко Булајиќ за Скопскиот земјотрес од 1963 година. Филмот бил прикажан на Канскиот филмски фестивал во 1964 година, но не влегол во главната конкуренција.[1] Филмот исто така бил избран за југословенски кандидат за Оскар за најдобар странски филм на 37. доделување на Оскарите, но не добил номинација.[2] Филмот освоил бројни награди на неколку филмски фестивали, како: „Златен лав“ на Венецијанскиот филмски фестивал, „Златна нимфа“ на фестивалот во Монте Карло, „Златен клас“ на фестивалот во Ваљадолид, наградата на филмската критика на Канскиот фестивал, наградата на градот Загреб, признанието на градот Скопје итн.[3]
Снимањето на филмот започнало три дена по катастрофалниот земјотрес и траело четири месеци. Потоа, Булајиќ потрошил дванаесет месеци на монтирање во студиата на Јадран филм.[4] Во филмот се прикажуваат последиците од земјотресот кој го погодил Скопје, главниот град на тогашна СР Македонија, како и акциите на спасување и хуманитарната помош која во Скопје стигнала од другите краеви на Југославија и од бројни земји од светот.