Српските народни носии заземаат значајно место во културата и традицијата на српскиот народ. Низ историјата носиите биле симбол на етничкиот идентитет и се одликуваат со високи ликовни и естетски вредности. До денес се сочувани машки и женски носии во целост од 19 и почетоците на 20 век, со сите нивни додатоци и украси. Секоја област која Србите ја населувале низ историјата се одликува со посебни, специфични носии. По карактеристичниот изглед на облеката луѓето препознавале од кој крај потекнувале, а во мешани етнички средини според носијата се препознавала и етничката, односно националната припадност. Во својот историски развој, разновидните народни носии имале разновидно значење во животот на народот. Низ времето на нивниот изглед влијаеле носиите на соседните етнички групи, така да иако како ракотворби се обележје на времето од кое потекнуваат, во себе можат да носат и одлики на соседните и на носиите од претходните периоди.[1]
Српската народна носија после ослободување од отоманската власт претрпела промени во смисла на нејзино збогатување и ослободување од турските влијанија. Кнезот Милош Обреновиќ, тогашниот српски владетел, бил пример за облекување бидејќи и самиот сакал убаво да се облекува. Во продолжение се наведени делови од облека која се носела во 19 век во Србија. Наброени се делови од носија, од кои некои биле типични за град, а некои биле типични за село.
На територија на Лика, со векови живееле заедно православни Срби (со ијекавски дијалект) и католици Хрвати, Буњевци и Крањци (со икавски и чакавски дијалект). Иако живееле на ист простор, меѓу нив постоеле видни разлики и особености во поглед на историските, духовните, културните и говорните одлики. Сето тоа се одразило и во народните носии на овие етнички групи.[2]
Народните носии на православните Срби во Лика се разликуваат од носиите на католиците, како по боја така и по називите на одделните делови од облеката. Наведените делови од народните носии се однесуваат исклучиво на облеката на православните Срби во Лика, од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Постојат две поделби на личката народна носија. Се дели на машка личка народна носија и женска личка народна носија. Другата поделба е на секојдневната, работна личка народна носија и свечената, црковна личка народна носија.
Составни делови на личката народна носија се:
Машка личка народна носија:
|
Женска личка народна носија:
|
Народната носија во Црна Гора и Херцеговина се јавува во разни варијанти на традиционалната херцеговска и црногорска носија. Нејзини делови се:
Често, наместо опинци, можеле да се носат чизми, но тогаш не се ставале доколеници и кратки чорапи.
Планинската херцеговска народна носија била во секојдневна употреба до 1875 година на територија на Источна Херцеговина и западна Црна Гора.[3] Постоела секојдневна и свечена народна носија, која се облекувала само во тек на празници.
Свечената женска носија од овој краишта се разликувала за мажени жени и девојки. Таа се состои од:
Свечената машка народна носија од овие краишта се состоела од:
Српската народна носија во озренскиот крај главно е исткаена од платно.[4] Се ткаела од памук со посебни алати за изработка на платно. Мажите носеле шешири, и секој човек носел различно украсена торба.
Женската носија се состои од:
Машката носија се состои од:
|date=
(help)
|date=
(help)CS1 одржавање: Формат датума (веза)