Стефан Чупиќ (роден на 7 мај 1994 година) е српски фудбалер кој игра на позицијaта како голман. Во моментов настапува за клубот на Олимпијакос од Никозија. Неговиот татко, Вукан бил поранешен фудбалски голман,[1] а помладиот брат Милош, исто така, игра на истата позиција во првиот тим на ОФК Белград, поранешниот клуб од детството на Стефан.[2]
Стефан Чупиќ е роден во Ниш. Фудбал започнал да игра во локалниот клуб на Раднички од Ниш, но подоцна во 2006 година се преселил во екипата на ОФК Белград.[3] Чупиќ бил ангажиран во првиот тим на ОФК Белград за квалификациите 2010–11, но сепак останал во младинскиот тим сѐ до летото 2012 година.[4] Тој го потпишал својот прв четиригодишен професионален договор со ОФК Белград, на крајот од 2012 година,[5] откако ја поминал првата половина од сезоната 2012–13 како позајмен играч во Српската лига Белград за тимот на Дорчол. Чупиќ својот прв натпревар во професионалната Суперлига за клубот на ОФК Белград го одиграл на 6 април 2013 година, против екипата на Јавор од Ивањица.[6] На почетокот на 2014 година, бил позајмен во клубот на Динамо од Панчево,[7] но по една седмица се вратил во ОФК Белград и таму ја поминал целата сезона како резервен избор.[1] Стефан играл на последните 2 натпревари од сезоната 2013-14. За првите 2 сезони што ги поминал во првиот тим, Чупиќ одиграл вкупно 3 натпревари во Суперлигата. Но во наредната 2014–15 во српската Суперлига тој бил промовиран во прв голман на тимот земајќи го дресот со број 1.[8] По 5 натпревари во кој ја сочувал својата мрежа, тој бил избран за најдобар дебитант во 2014 година.[9] По повредата на Богдан Планиќ, тренерот Дејан Ѓурѓевиќ му ја доделил и капитенска лента на Чупиќ на неколку натпревари пред крајот на сезоната.[10] Чупиќ одиграл 36 лигашки и 3 натпревари во купот за сезоната 2015–16. На крајот на сезоната клубот на ОФК Белград сепак испаднал од српската прва лига. Стефан Чупиќ ја започнал новата сезона со клубот, но ги пропуштил воведните натпревари, а подоцна за период од шест месеци се преселил како позајмен играч во тимот[11] на ОФК Бачка. Тоа го сторил во последниот ден од летниот преоден рок во 2016 година.[12]
На 20 јануари 2017 година, Чупиќ потпишал двегодишен договор со норвешкиот клуб на Сарпсборг 08.[13] Додека бил во клубот, Чупиќ ја поминал целата сезона во Елитсериен 2017 година како резервен избор за тренерот Андерс Кристијансен. Во текот на сезоната, тој одиграл неколку натпревари во фудбалскиот куп на Норвешка.
На 10 февруари 2018 година, Чупиќ се вратил во српскиот Суперлигаш Вождовац, склучувајќи договор за период од две години и половина. Тој избрал да го носи дресот со број 1 откако голманот Зоран Поповиќ го напуштил клубот.[14] Чупиќ својот прв натпревар за клубот на Вождовац го одиграл на 23 февруари 2018 година со победа од 3:2 над екипата на Напредак од Крушевац.[15]
На 16 јануари 2019 година, Стефан Чупиќ преминал во ерменскиот клуб ФК Арарат-Ерменија.[16] На 27 јануари 2021 година, клубот на Арарат-Ерменија потврдил дека Чупиќ ја напушта екипата за да замине во кипарското првенство и во клубот на Олимпијакос од Никозија. Сумата на пари не била објавена.[17]
На 27 јануари 2021 година тој се приклучил и официјално на екипата на Олимпијакос од Никозија.
Стефан Чупиќ бил член на селекцијата на У17 и У18 сѐ до 2012 година. Од тогаш тој се приклучил на фудбалската репрезентација на Србија за возраст до 19 години.[18] За време на Европското првенство за играчи до 19 години на УЕФА 2013 година, Чупиќ скоро на сите натпревари бил резервен играч. На тоа натпреварување, селекцијата на Србија ја водел тренерот Предраг Рајковиќ. Откако неговата репрезентација го освоила првенството,[19] Чупиќ ја поминал селекцијата до 19 години и во 2014 година станал член на репрезентацијта на Србија У21. Тренерот на српската фудбалска репрезентација до 23 години, Милан Раштавац го поканил во декември 2015 година да игра на пријателскиот натпревар против репрезентацијата на Катар.[20]
Клуб | Сезона | Лигашки натпревари | Куп натпревари | Континентални натпревари | Други | |||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Лига | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | Натпревари | Голови | ||
ОФК Белград | 2010–11 | Српска Суперлига | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | 0 | 0 | |
2011–12 | 0 | 0 | 0 | 0 | — | — | 0 | 0 | ||||
2012–13 | 1 | 0 | 0 | 0 | — | — | 1 | 0 | ||||
2013–14 | 2 | 0 | 0 | 0 | — | — | 2 | 0 | ||||
2014–15 | 28 | 0 | 1 | 0 | — | — | 29 | 0 | ||||
2015–16 | 36 | 0 | 3 | 0 | — | — | 39 | 0 | ||||
2016–17 | Српска прва лига | 0 | 0 | — | — | — | 0 | 0 | ||||
Вкупно | 67 | 0 | 4 | 0 | 0 | 0 | — | 71 | 0 | |||
Дорчол(како позајмен играч) | 2012–13 | Српска лига на Белград | 14 | 0 | — | — | — | 14 | 0 | |||
ОФК Бачка (како позајмен играч) | 2016–17 | Српска Суперлига | 8 | 0 | 1 | 0 | — | — | 9 | 0 | ||
Сарпсборг 08 | 2017 | Елитесерија | 0 | 0 | 5 | 0 | — | — | 5 | 0 | ||
Вождовац | 2017–18 | Српска Суперлига | 4 | 0 | — | — | — | 4 | 0 | |||
Арарат - Ерменија | 2018–19 | Ерменска Премиер Лига | 3 | 0 | 1 | 0 | – | – | 4 | 0 | ||
2019–20 | 6 | 0 | 3 | 0 | 3 | 0 | 1 | 0 | 13 | 0 | ||
2020–21 | 6 | 0 | 0 | 0 | 4 | 0 | 1 | 0 | 11 | 0 | ||
Вкупно | 15 | 0 | 4 | 0 | 7 | 0 | 2 | 0 | 28 | 0 | ||
Вкупно во кариерата | 108 | 0 | 14 | 0 | 7 | 0 | 2 | 0 | 131 | 0 |
Арарат-Ерменија
Србија У19