Строимир | |
---|---|
Кнез (архон) на Србите / Србија | |
Печатот на Строимир | |
Кнез на Србија (совладетел) | |
На престол | 851–880ти |
Претходник | Властимир |
Наследник | Мутимир |
Починал(а) | помеѓу 880 и 896 |
Деца | Клонимир |
Династија | Властимировиќ |
Татко | Властимир |
Вероисповед | Православие |
Строимир (српски: Стројимир; грчки: Στροἠμιρ, Στροἠμηρος) бил совладетел на Српското кнежевство заедно со неговите браќа Мутимир и Гојник, од околу 851 до судирот со најстариот брат Мутимир, при кој тој и Гојник биле симнати од власт.
Строимир бил помладиот син на Властимир, кој владеел ок. 836–851. Строимир, заедно со неговите браќа Гојник и Мутимир, ја поразиле бугарската војска испратена од Борис I, и предводена од неговиот син Владимир, кој, заедно со 12 болјари биле заробени од српската војска. Последователно бил договорен мир и двајцата синови на Мутимир; Прибислав и Стефан ги испратиле заробениците до границата кај Рас. Таму, Борис богато ги дарувал, а Мутимир му подарил 2 робови, 2 соколи, две кучиња, и 80 крзна.[1]
По борбата за превласт помеѓу помладите браќа и Мутимир, Строимир и Гојник биле заробени и испратени како заробеници кај бугарскиот кан Борис I во 855–856, како знак за мир, двајцата ги изгубиле титулите и биле држени во Плиска, бугарската престолнина. Строимир бил добро третиран од страна на Бугарите, а кан Борис лично му избрал жена на неговиот син, Клонимир.
На 11 јули 2006 српската влада на аукција во Минхен купила печат во византиски стил излиен во злато, кој најверојатно му припаѓал на Строимир (таткото на Клонимир). Се претпоставува дека бил изработен надвор од Византија, и има грчки натпис (KE BOIΘ CTPOHMIP, "Боже помогни му на Строимир") и има патријаршиски крст во средината. Најверојатно датира од втората половина на 9ти век,помеѓу 855/56 и 896, кога Клонимир се обидел да го преземе српскиот престол.[2][3]
Строимир Роден(а): 830ти Починал(а): 880-896
| ||
Владејачки титули | ||
---|---|---|
Претходник Властимир |
Кнез на Србија 851-880s Заедно со: Мутимир и Гојник |
Наследник Мутимир како единствен владетел |