Струпничка оса | |
---|---|
Научна класификација [ у ] | |
Царство: | Животни |
Тип: | Членконоги |
Класа: | Инсекти |
Ред: | Ципокрилци |
Семејство: | Лисни оси |
Род: | Лисна оса |
Вид: | Струпничка оса |
Научен назив | |
Tenthredo scrophulariae Linnaeus, 1758 | |
Синоними | |
|
Струпничка оса (науч. Tenthredo scrophulariae) — вид од семејството на лисните оси (Tenthredinidae).
Овој вид е распространет низ цела Европа,[1] Турција и Закавказје,[2][3] на ливадите.[4] Во Македонија се среќава на повеќе места.[5]
Струпничката оса може да достигне должина на телото од приближно 11-15 милиметри.[4] Лесно се препознава по изгледот на оса, иако ја нема тенката „половина“ на вистинската оса. Главата е црна и прилично кратка, со истакнати, правоаголни задни агли. Флагелот на антените не е стеснет на врвот, тој е прилично краток (помалку од двапати подолг од ширината на главата) во споредба со многу сродни видови. Има портокалова боја, додека кај повеќето слични видови од родот е црна. Тораксот е претежно црн, само пронотумот и скутелумот се жолти. Стомакот е црн, со попречни ленти од жолта боја.[6]
Прилично големите ларви може да достигнат должина од околу 30 милиметри. Тие имаат темна глава, со прашливо сиво-бело тело со црни дамки.
Ларвите се хранат од август до септември. Тие хибернираат во октомври. ларвите преминуваат во возрасни единки од мај до август наредната година. Овие растителни оси летаат во мрзлив стил со долгите жолти нозе обесени надолу. Возрасните единки се хранат со мали инсекти и често може да се најдат на Heracleum sphondylium,[4] хранејќи се со нектар и полен. Ларвите[7] се хранат првенствено со лисја на струпник (Scrophularia).[8][9]
На ларвите може да се појават разни паразитоидни видови Ichneumonidae (Mesoleptidea prosoleuca и Euceros serricornis).[4][10]
„Струпничка оса“ на Викивидовите ? |
„Струпничка оса“ на Ризницата ? |
|