Сурова милост (англиски: Savage Grace) е американски филм од 2007 година, во режија на Том Калин. Главните улоги ги толкуваат: Џулиен Мур и Стивен Дилејн.
Барбара Дели влегува во светот на богатите, мажејќи се за индустријалецот Брукс Бекланд. По раѓањето на нивниот син Тони, животот започнува да ѝ пропаѓа. Детето неприродно се врзува за мајката, а во очите на таткото тој станува слика на неуспешен човек. Потоа, Брукс започнува да се губи во работата и во љубовните врски, мајката е очајна и влегува во инцесоидна врска со нејзиниот пораснат син, кој е хомосексуалец.[1]