Трка околу Баскија 2019 — 59. издание на велосипедската етапна Трка околу Баскија, која се одржала помеѓу 8 и 13 април како петнаесетти настан во сезоната на Светската турнеја.[1]
Трката била освоена од шпанскиот возач Јон Изагире.
Целата рута на Трката околу Баскија 2019 била објавена на 27 февруари 2019 година.[2]
Бидејќи Трката околу Баскија е настан од Светската турнеја, сите осумнаесет UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да учествуваат на трката.[3] Пет професионални континентални екипи биле поканети, со што била заокружена главната група од 23 екипи. Бидејќи секоја екипа имала право на седум возачи, вкупно 161 возач ја започнале првата етапа.[4]
Екипи од Светската турнеја на UCI (18)Професионални континентални екипи (5) |
|
На Трка околу Баскија 2019 се доделувале четири различни маички. Генералниот пласман бил пресметуван преку додавање на завршните времиња на секој велосипедист по секоја етапа. Во 2018 година биле воведени временските бонуси на првите тројца на секоја етапа, освен на хронометрите: етапниот победник добивал десет секунди, додека второ и третопласираниот добивале шест и четири секунди, соодветно.[5] Бонус секунди имало и за првите тројца возачи на средните спринтови: три секунди за победникот на спринтот, две секунди за вториот и една секунда за третиот возач. Предводникот на генералниот пласман ја добивал жолтата маичка. Овој пласман се сметал за најважен на Трката околу Баскија 2018 и победникот на пласманот се сметал за победник на трката.
Бодови за планинскиот пласман
Место
|
1
|
2
|
3
|
4
|
5
|
6
|
Бодови за категорија 1
|
10 |
8 |
6 |
4 |
2 |
1
|
Бодови за категорија 2
|
6 |
4 |
2 |
1 |
0
|
Бодови за категорија 3
|
3 |
2 |
1 |
0
|
Дополнително, постоел бодовен пласман, на кој се доделувала зелената маичка. За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите 15 места на етапата. За победа на етапа, возачот добивал 25 бода, второто место добивало 20 бода, третото место 16 бода, четвртото 12 бода, петтото 12, шестото 10 и по еден бод помалку до еден бод за 15. место. Постоел и спринтерски пласман, обележан со сината маичка. Во спринтерскиот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку завршат на првите три места на средните спринтови во текот на етапите, три бода за победникот, два бода за вториот и еден бод за третиот возач.
Постоел и планински пласман, каде бодовите се добивале доколку велосипедистите стигнат на некое искачување пред останатите возачи. Секој од дваесет и трите искачувања биле категоризирани во прва, втора или трета категорија, а повеќе бодови имало на потешките и повисоко категоризирани искачувања. За искачувањата од првата категорија, првите шест возачи добивале бодови; на искачувањата од втора категорија, четворица добивале бодови; на искачувањата од трета категорија само тројца возачи добивале бодови. Водството во пласманот бил обележан од црвена маичка со бели точки.
Четвртата маичка го претставувала пласманот за млад возач, обележана со светлосина маичка. Само возачи родени по 1 јануари 1994 година можеле да учествуваат во пласманот; најдобриот млад возач во генералниот пласман бил предводник на овој пласман.
Почетен состав