Тухолска шума

Местоположба на Тухолска шума во северна Полска.
Tuecheler Heide во германска карта на провинцијата Западна Прусија, 1896 година.
Дрвја во Националниот парк

Тухолската шума, исто така позната и како Тухолска борова шума, (на полски: Bory Tucholskie; кашупски: Tëchòlsczé Bòrë; германски: Tuchler or Tucheler Heide) е голема шума во близина на градот Тухола (Tucheln) во северниот дел на Полска, која се наоѓа помеѓу реките Брда и Вда. Во неа се наоѓа истоимениот национален парк, кој е средиште на Биосфера резерватот прогласен од УНЕСКО во 2010 година.

Областа била формирана во текот на последното ледено време и е покриена со ниски ридови и повеќе од 900 постглацијални езера. Шумата е со површина од 3200 км2 на густа смрчина и борова шума, и е една од најголемите шуми во Полска и Средна Европа. Во 1996 година, дел од оваа област бил прогласен за Нацинален парк Тухолска шума, и покривал 46,13 км2. Околу 30% од површината е населен со полско етничко малцинство.

Најголемите градови во областа се Черск и Тухола.

Историја

[уреди | уреди извор]

За време на Германскато Царство оваа област била место за изведување на воени вежби, во која исто така биле спроведувани медицински истражувања, па во научните списанија од почетокот на XX век било споменувано името на оваа област. За време на Првата светска војна, познатиот лекарот и пацифист Георг Фридрих Николај бил протеран од Берлин во овој оддалечен регион, кој во 1919 година и бил отстапен на Полска, како резултат на Версајскиот договор.

Во 1939 година, за време на инвазијата на Полска на самиот почеток на Втората светска војна, се водела една од главните битки - Битка за Тухолската шума и оваа поранешна германска областа била повторно освоена од Германците. По освојувањето името било сменето во Truppenübungsplatz Westpreußen, или под шифрираното име „Heidekraut“.[1]

Во периодот меѓу август 1944 година и јануари 1945 година, во оваа област биле изведувани детални тестирања на ракетите А4 (V-2 ракети), од страна на Шуцштафел единиците под команда на Ханс Камлер и Валтер Дорнберг. За време на тестирањето биле тестирани исфрлени околу 107 проектили во насока на југ. Оваа локација била откриена од членовите на полското движење на отпорот наречено Армија Крајова, после што било бомбардирано од сојузничките сили.. Во јануари 1945 година, целокупниот воен арсенал бил евакуиран пред да влезе Црвената армија.

По Втората светска војна, шумата била засолниште за многу анти-комунистички партизани, меѓу кои бил и еден од командантите на Армија Крајова Зигмунт Шендзејлаж.

Резерват Биосфера

[уреди | уреди извор]

Во јуни 2010 година областа на Тухолската шума, била прогласена од страна на УНЕСКО како Резерват Биосфера. Јадрото на Резерватот Биосфера се состои од Националниот парк Тухолска шума, како и уште 25 резервати на природата кои лежат во тампон зоната. Оваа тампон зона се состои од неколку заштитени зони - Тухола, Вда, Вдиџи и Заборскиот парк. Транзитната зона која го опфаќа градот Тухола и околните области. Основната област на резерватот е со површина од 78,81 км2, а сите три области заедно се со површина од 3195 км2.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Областа е населена со полско етничко малцинство наречени Тухолски Боровјаци, а тие живеат блиску до друга важна етничка група, Кашуби.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Guderian, Heinz (1950). Erinnerungen eines Soldaten (германски). Verl. "Welsermühl".
  2. „Rezerwat Biosfery“. www.borytucholskie.org.pl. Посетено на 2019-04-14.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]