Универзитетската корпорација за атмосферски истражувања (УКАИ) е американски непрофитен конзорциум составен од повеќе од 100 колеџи и универзитети кои обезбедуваат истражување и обука за атмосферските и сродните науки. [1] УКАИ управува со Националниот центар за атмосферски истражувања и обезбедува дополнителни услуги за зајакнување и поддршка на истражувањето и образованието преку своите програми во заедницата. Нејзиното седиште е во Болдер, Колорадо.
УКАИ е основан во 1959 година од страна на собир од 14 водечки универзитети за поддршка на атмосферските науки. Тие биле мотивирани од новопризнаената потреба за здружени опсервациски и пресметковни капацитети и силен истражувачки кадар, кои заедно ќе и овозможат на академската заедница да спроведува сложени, долгорочни научни програми надвор од дофатот на поединечни универзитети. [2]
Првата голема акција на оваа група, во партнерство со Националната научна фондација, била основањето на НЦАИ. Оттогаш, УКАИ управува со НЦАИ во име на ННФ при одговарање на итни научни и општествени потреби кои ја вклучуваат атмосферата и нејзините интеракции со океаните, копното и Сонцето.
Улогата на УКАИ при поддршката и дополнувањето на работата на академската заедница пораснала и вклучува нови напори за истражување, услуги и образование, меѓу кои:
Според податоците од 2016 година, УКАИ опфаќа 109 колеџи и универзитети членки и 52 меѓународни филијали. Организацијата има вкупно 1.390 вработени, вклучувајќи 877 во НЦАИ и 282 ангажирани лица во програмите за заедницата. [3]
УКАИ и НЦАИ се со седиште во Болдер, Колорадо, распространети низ четири кампуси.
претседател | период |
---|---|
Волтер Ор Робертс | 1960 - 1974 година |
Френсис П. Бретертон | 1974 - 1980 година |
Роберт Вајт | 1980 - 1983 година |
Клифорд Мурино | 1983 - 1988 година |
Ричард А. Антес | 1988 - 2012 година |
Томас Богдан | 2012 - 2015 година |
Мајкл Томпсон (привремен) | 2015 - 2016 година |
Антонио Ј. Бусалачи | 2016 - |