Фаетуса (грчки: Φαέθουσα) во старогрчката митологија била ќерка на богот Хелиј и нереидата Неера, сестрата на Лампетија.
Опишана е како ќерка на богот Хелиј, со убава коса.
Исто така била една од Хелијадите, била ќерка или сестра на Фаетон, која со сестрите толку тагувала за својот брат, што Зевс од сожалување ги претворил во тополи, а нивните солзи во килибар. И во овој случај Лампетија е нејзина сестра и тие две честопати се прикаживани заедно.[1][2]