Фатмир Бесими | |
---|---|
Министер за финансии | |
На должноста 31 август 2020 – 24 јуни 2024 | |
Претседател | Зоран Заев Димитар Ковачевски |
Претходник | Нина Ангеловска |
Наследник | Гордана Димитриеска Кочоска |
Вицепремиер за евроинтеграции | |
На должноста 18 февруари 2013 – 5 април 2016 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Теута Арифи |
Наследник | Фестим Халили |
Министер за одбрана | |
На должноста 28 јули 2011 – 18 февруари 2013 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Зоран Коњановски |
Наследник | Талат Џафери |
Министер за економија | |
На должноста 28 јули 2008 – 28 јули 2011 | |
Претседател | Никола Груевски |
Претходник | Вера Рафајловска |
Наследник | Ваљон Сараќини |
Министер за економија | |
На должноста 17 декември 2004 – 28 јули 2006 | |
Претседател | Владо Бучковски |
Претходник | Стевче Јакимовски |
Наследник | Вера Рафајловска |
Лични податоци | |
Роден(а) | 18 ноември 1975 Тетово, СР Македонија, СФРЈ |
Националност | Македонски Албанец |
Партија | ДУИ |
Вероисповед | ислам |
Фатмир Бесими (18 ноември 1975 во Тетово) — македонски политичар од албанска народност.
Основното и средното образование ги завршил во родното Тетово, а на Економскиот факултет во Скопје во 1998 година дипломирал на отсекот Економија - финансии и банкарство. Последипломските студии ги завршил на Универзитетот Стартфордшир, Стоуконтрент во Обединетото Кралство, а со одбраната на дисертацијата на тема „Монетарна политика и политика на девизен курс во Република Македонија при процесот на пристапување кон Европската Унија“, во 2007 година станал доктор по економски науки.
За време на своето школување е стипендист на Фондот за талентирани студенти, на Министерството за образование на Република Македонија, како и корисник на заедничката стипендија на Унивезитетот Стафордшир, и Институтот „Отворено општество“, Унгарија.
Бесими во текот на образовната постапка завршил и голем број професионални курсеви и обуки, меѓу кои и на „водачка програма за одржлив развој“ на Светска Банка и [[Кембрички универзитет |Универзитетот во Кембриџ]] & PWC, Кембриџ, Обединетото Кралство, „Анализа на трошоците и приходите“ и „Политики за трговија и конкурентност“, Светска Банка, Вашингтон, „Економски раст - ирското искуство“, Даблин, „Економетриски модели-економетриски аспекти“, Скопје (стручњаци од Федералните резерви, Соединетите Држави), надзор на централната банка врз финансиските пазари, септември 2001, „Банка за меѓународни порамнувања“, ЈВИ, Виена и други.
Бесими веќе вторпат бил на чело на ресорот економија. Првиот пат во периодот до декември 2004 до јули 2006 и сега, од август 2008, како член на владиниот кабинет на премиерот Груевски. Во меѓувреме работел како економист во канцеларијата на Светска Банка во Косово. Во периодот од мај 2001 до октомври 2002 бил на вицегувернерската позиција во Народна Банка на Република Македонија, а дел од своето професионално работно искуство го надградувал и како директор на ЈП „Аеродромски услуги Македонија“, во Стопанска банка АД Скопје, филијала во Тетово и како претседател на управниот одбор на Асоцијацијата за модерна економија (АМЕ) во Тетово.
Што се однесува до останатите професионални активности, вредни за споменување се академските ангажмани на постдипломските курсеви (напредна економија) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, на курсевите за модерни науки (современо банкарство) на Универзитетот РИИВЕСТ во Приштина, како наставен кадар на Факултетот за економија на државниот Универзитет во Тетово, додипломски курсеви (пари и банкарство; меѓународна економија, економија), и како член на Сенатот на државниот универзитет во Тетово.
Меѓу професионалните членства се врбројуваат и: заменик гувернер (како министер за економија) на Република Македонија во Одборот на гувернери на Европската банка за обнова и развој, Лондон, Обединето Кралство, член на Економскиот совет на Владата на Република Македонија и член на советот за финансирање и развој на универзитетското образование во Република Македонија, како и советодавните активности за канцеларијата на Светска Банка во Косово, на состанокот на канцеларијата организиран во Грција.
Со создавањето на владата на 28 јули 2011, Бесими станал министер за одбрана на Република Македонија.[1] Албанскиот му е мајчин јазик, а одлично зборува англиски, македонски, хрватски и српски јазик, а се служи и со германскиот јазик.
|
|
|
|
|