Во демонологијата, Фурфур (друг имиња: Фуртур, Фертур) е моќен голем ерл на пеколот, кој е владетел на дваесет и шест легии демони. Тој е лажливец, освен ако не е принуден да влезе во магичен триаголник каде што постојано дава вистински одговори на секое прашање, зборувајќи со груб глас. Фурфур предизвикува љубов меѓу маж и жена, создава бури, громови, молњи и е учител на тајни и божествени работи.
Тој е прикажан како елен или како елен со крилја, а исто така и како ангел. За некои автори тој се претвора од елен во ангел кога е принуден да влезе во магичниот триаголник.
„Фурфур“ или „фурфурес“ на латински значи „трици“.[1] Сепак, веројатно се чини дека името е расипување на зборот „фурцифер“, латинскиот збор за подлец.[2]