Хамзали | |
![]() Манастирот „Св. Климент Охридски“ | |
Координати 41°29′22″N 22°44′35″E / 41.48944°N 22.74306°E | |
Општина | Босилово |
Население | 20 жит. (поп. 2021)[1]
|
Шифра на КО | 27074 |
Надм. вис. | 300 м |
Хамзали или Амзали — село во Општина Босилово, во околината на градот Струмица.
Хамзали се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во северниот дел на Општина Босилово, лево од патот кој води од Струмица кон Берово. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 12 километри.
Надморската височина во селото е 300 метри додека селото зафаќа површина од 19,2 км2. Од нив, 479 хектари се обработливо земјиште додека 1428 се пасишта[2]
Селото се граничи со Старо Балдовци, Петралинци, Дрвош, Гечерлија, Русиново.
Името на селото е производно од личното име Амза (Хамза) со наставката -ли(ја). Селото се дели на Горно и Долно Хамзали. Жителите на Горно Хамзали биле претежно Турци, кои се иселиле во Турција. Во Долно Хамзали живеат претежно македонски бегалци од Егејска Македонија. Според Димитар Гаџанов, во 1916 година во селото живееле 388 Турци[3].
Во XIX век Хамзали било село со мешано население. Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Хамзали било село со 10 семејства со 23 Турци[4]. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 80 жители Македонци и 910 Турци[5][6]. Селото било под влијание на Бугарската егзархија.
По крајот на Балканските војни, селото било вклучено во составот на Царство Бугарија. Во селото започнало иселувањето на муслиманското население кое заминало кон Турција, додека на нивно место се населиле македонски бегалци од Егејска Македонија. По крајот на Првата светска војна, според Нејскиот мировен договор, селото било вклучено во составот на Кралство СХС, заедно со Струмичкиот регион.
По крајот на Втората светска војна, Хамзали било вклучено во НР Македонија, во составот на СФРЈ.
По распаѓањето на СФРЈ, селото формално било вклучено во составот на Република Македонија. Според територијалната организација на Република Македонија, селото припаѓа на Општина Босилово.
|
| |||||||||||||||||||||||||||||||||
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 500 Турци и 25 до 50 Македонци.[7]
Во 1953 година во селото живееле 254 жители - 157 Македонци, 13 Турци, 6 Роми, 1 Србин и 77 останати. Жителите на селото во 1961 година се 303 луѓе - 233 Македонци, 4 Турци, 2 Албанци, 1 Србин и 60 други.[2] Во 1971 година бројот на жители е 81.[8]
Според пописот на населението на Македонија од 2002 година, селото има 22 жители, од кои 12 Македонци, 8 Турци и 2 Срби.[9]
Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 20 жители, од кои 10 Македонци, 7 Турци и 3 лица без податоци.[10]
Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 990 | — | 36 | 254 | 303 | 81 | 38 | 26 | 20 | 22 | 20 |
![]() |
„Хамзали“ на Ризницата ? |
|