Харолд Алберт Ламб (1892 - 9 април1962[1]) — американски историчар, пишувач на раскази, текстови за филм и романи. Тој се родил во Њујорк[2] , се запишал на Колумбија Универзитет и токму тогаш се пројавил кај него интерес за луѓето од Азија и историјата од Азија. Тој стекнал кариера како автор од рани години. Тој започначл со пишување во едно списание, потоа почнал да пишува за реномираното списание Adventure Magazine. Сѐ до 1927 тој пишувал фикција, измислени содржини, а додека во 1927 година ја напишал неговата прва историска книга за Џингис Кан. Потоа, Ламб продолжил да пишува различни книги за историски личности и настани, а во Македонија е познат по неговата книга Александар Македонски: Патување до крајот на светот.