Хутово Блато | |
---|---|
МСЗП — Категорија III (споменик на природата) | |
Кристална чиста, студена вода од оваа невообичаена мочвара, , Национален парк Хутово Блато, Босна и Херцеговина. | |
Место | Херцеговско-неретвански Кантон, Босна и Херцеговина |
Координати | 43°04′N 17°47′E / 43.06° СГШ; 17.79° ИГД |
Површина | 74,11 km2 (28,61 sq mi) |
Воспоставен(а) | 1995 |
Извршител | Јавно претпријатие Хутово Блато |
Мрежна страница | Hutovo Blato Nature Park |
Хутово Блато – резерват на природата и птичји резерват во Босна и Херцеговина. Првенствено се состои од мочуришта создадени од системот подземни води на реката Крупа. Се напојува од варовничкиот масив Острво кој ги дели Деранско и Свитавско Езеро.[1]
Резерватот се наоѓа на списокот на важни птичји подрачја на „Бердлајф интернешенел“. Тој е најголемиот резерват од ваков вид во регионот, како во големина така и во разновидност. Дом е на повеќе од 240 вида преселнти птици и десетици со постојан дом во субмедитеранското моклишка околина на Деранско Езеро.[2] Во сезона на преселба, десетици илјади птици го полнат езерото и неговата околина.
Долината долж последните 30 километри од реката Неретва, како и самата река, содржат извонреден предел. Низводно од вливот на нејзините притоки, реките Требижат и Брегава, долината се шири во алувијален стожец кој покрива 20.000 хектари. Горната долина, која опфаќа 7.411 хектари, во Босна и Херцеговина, се вика Хутово Блато.
Делтата на Неретва била признаена за рамсарска локација во 1992 година, а Хутовото Блато во 2001. Двете подрачја формираат интегрална рамсарска локација која е природен ентитет поделен со државна граница.[3]
Важна програма за птичјите подрачја, која ја води Бердлајф интернешенел, ги покрива заштитените подрачја во Хрватска и Босна и Херцеговина.[4]
Од 1995 година, Хутово Блато е заштитено како Парк на природата Хутово Блато[5][6] и истото е во надлежност на јавно претпријатие. Целото подрачје е добро заштитено од човечкото влијание и функционира како важен хабитат за многу билки и животни.[4] Историското место Стара тврдина Хутово Блато се наоѓа во подрачјето на паркот на природата.
Паркот на природата "Хутово Блато" се наоѓа во југозападниот дел на Босна и Херцеговина, 30 км од градот Мостар и блиску до хрватската граница. Се протега на површина од околу 7.411 хектари и претставува еден од најбогатите моклишки резервати во Европа. До 1995 година, кога била основано кантоналното заштитено подрачје, Хутово Блато било познато главно по ловниот и риболовниот туризам. Секоја зима над 200 вида птици го наоѓаат своето засолниште во оваа недопрена природа.[7]
Посетителите може да уживаат во одмор, рекреативни активности во природата, спортски риболов, велосипедизам и главната туристичка атракција - фото сафари.
Тоа е делот од паркот кој го задржал својот изворен облик и скоро недопрена природа.
Горно Блато – Деранско Езеро се напојува од карстни водни извори од реката Требишница, која извира во близина на околните ридишта. Таа хидрогеолошки е поврзана со реката Неретва преку реката Крупа во која таа се влева, формирана од 5 езера (Шкрка, Дерања, Јелим, Орах, Дријен) и од големи делови кои се постојано поплавени, исто така изолирани со широки површини со дрвја и трски, па претставува најинтересното заштитено подрачје.[8]
Реката Крупа е лева притока на Неретва и главен воден тек на Хутово Блато, кој ги води водите од Деранско и Свитавско Езеро во реката Неретва. Крупа е долга 9 km со просечна длабочина од 5 метри. Крупа нема извор, туку се излева од Деранското Езеро. Исто така, Крупа е единствена река во Европа, бидејќи таа тече во двете насоки. Таа тече „нормално“ од „изворот“ кон устието и обратно, од устието кон „изворот“. Тоа се случува, заради нивото на водата и големата количина вода, Неретва ја „турка“ Крупа во спротивна насока.[9]
Список на регистрирани видови на 13 април 2001:[2]
„Хутово Блато“ на Ризницата ? |