Местоположба | Велење, Словенија |
---|---|
Сопственик | Градска општина Велење |
Оператор | Спортско рекреативен завод „Црвена сала“ |
Сместивост | 2,500 |
Изградба | |
Почнато со градба | 24 август 1974 |
Отворен | 1975 |
Обновен | 1989, 1994, 1998, 2004 |
Корисници | |
РК Горење Велење ЖРК Велење |
Црвена сала (словенечки: Rdeča dvorana) ― спортско здание во Велење, Словенија. Тоа е домашна терен на РК Горење Велење. Салата може да прими 2.500 гледачи.[1]
Изградбата на салата започнала на 24 август 1974 и била завршена во 1975.[2] Црвената сала го имала своето неслужбено отворање на 11 октомври 1975. Отпрвин, била изградена да биде домаќин на различни видови саеми, а не за спортски настани.
По одредени измени на градбата, Владата на Словенија го основала јавното претпријатие Спортско рекреативен завод „Црвена сала“ (Športno rekreacijski zavod Rdeča dvorana) на 25 мај 1992. Местото било обновувано неколку пати во својата историја, последен пат во 2004 година.
Црвената сала е домашен терен на РК Горење Велење и ЖРК Велење. Тоа било исто така едно од четирите места користени за Европското првенство во ракомет за мажи во 2004.