Чокангакански јазик | |
---|---|
Цаманшки јазик | |
Застапен во | Бутан |
Говорници | (20,000 во 1993 г.)[1] |
Јазично семејство | |
Писмо | тибетско писмо |
Јазични кодови | |
ISO 639-3 | cgk |
Чокангаканскиот (ѕонгка: ཁྱོད་ཅ་ང་ཅ་ཁ་; Вајли: Khyod-ca-nga-ca-kha), познат и како курсмадкански, мапекански или цаманшки, е тибетски јазик од поголемото јазично семејство на синотибетски јазици. Јазикот го зборуваат околу 20.000 луѓе во Кури Чу во источен Бутан.[1][2] Чокангаканскиот е сестрински јазик на ѕонгка. Поради големиот асимилаторски притисок јазик да се претопи во ѕонгка, довело до губење на куричускиот јазичен супстрат.[1][3]