Чоколадото за готвење, исто така наречено горчливо чоколадо и незасладено чоколадо, е вид на темно чоколадо што се подготвува за употреба како состојка во готвењето.
Современото произведено чоколадо за готвење обично се формира од чоколаден ликвид во форма на табла или чоколадни трошки[1]. Чоколадото за готвење може да биде со послаб квалитет во споредба со другите видови чоколада и путерот од какао може да е заменет со други масти. Овој тип на чоколадо за готвење може да биде полесен за ракување во споредба со оние на кои не им е намалена содржината на какаов путер. Чоколадото за готвење со послаб квалитет можеби нема да биде толку вкусно во споредба со чоколадото со повисок квалитет и вкусот му е поинаков.[2]
Обично се подготвува во незасладени, горчливи, полуслатки и слатки видови, во зависност од количината на додаден шеќер .Рецептите кои вклучуваат незасладена чоколада за готвење обично користат значителна количина шеќер. Горчливото чоколадо за готвење мора да содржи 35 проценти чоколаден ликвид или повеќе. Повеќето чоколади за готвење имаат најмалку 50% содржина на какао, а преостанатата содржина обично е главно шеќер.
Табелата подолу ги означува четирите основни видови на чоколадо за готвење.
Тип | содржина |
---|---|
Незасладено | Не содржи шеќер и содржи 99% чоколаден ликвид или цврсти материи од какао . |
Горчливо слатко | Обично има помалку шеќер и повеќе чоколаден ликвид во споредба со полуслатките сорти. |
Полуслатко | Има помалку шеќер од слатките сорти. |
Слатко | Има најмногу шеќер. |
Производители на чоколадо за готвење во Македонија се компаниите: Витаминка, Европа и др.