21 лекција за 21 век

21 лекција за 21 век
Податотека:21 Lessons for the 21st Century.jpg
АвторЈувал Ноа Харари
Изворен наслов21 Lessons for the 21st Century
ЗемјаИзраел
Јазикмакедонски
англиски (оригинал)
Предмет(и)Цивилизација
Технологија и цивилизација
Човештво
ИздавачТри (на македонски)
Издадена
2020
Страници385
ISBN978-608-230-700-8
ПретходнаХомо деус: Кратка историја на иднината 

21 лекција за 21 век (англиски: 21 Lessons for the 21st Century) – книга од Јувал Ноа Харари, професор на Еврејскиот универзитет во Ерусалим. Книгата првично била издадена на англиски во 2018 година, во Соединетите Американски Држави од издавачката куќа „Шпигел и Грау“[1], а во Обединетото Кралство од издавачката куќа „Џонатан Кејп“[2]. На македонски јазик книгата е издадена во 2020 година од страна на издавачката куќа Три.

Откако како теми ги има далечното минато во „Сапиенс: Кратка историја на човечкиот род“ (2011) и далечната иднина во „Хомо деус: Кратка историја на иднината“ (2016), Харари во „21 лекција“ своето внимание го насочува кон сегашноста. Во лабава збирка есеи, од кои многу засновани на претходно објавени написи, [3] Харари се обидува да ги отплетка технолошките, политичките, социјалните и егзистенцијалните расправии со кои се соочува човештвото.

Самата книга се состои од пет дела секој составен од четири или пет есеи.

Интернет агрегаторот на рецензии „Бук маркс“ (Book Marks) објавил дека 44% од критиките за книгата се „одушевувачки“, додека 11% се „многу негативни“. Останатите критики изразиле или „позитивни“ (22%) или „мешани“ (22%) впечатоци, врз основа на девет рецензии.[4] Книгата наишла на значајно медиумско внимание со статии и критики објавени меѓу другите во „Њујорк Тајмс“, „Економист“,[5] Фајненшел тајмс, Гардијан, Њу стејтсмен и Тајмс.

Во Њујорк Тајмс, Бил Гејтс ја нарекува книгата „фасцинантна“, а нејзиниот автор „толку стимулативен писател што дури и кога не се согласував, сакав да продолжам да ја читам и да мислам“. За Гејтс, Харари „започна клучна глобална дискусија за тоа како да им се пристапи на проблемите на 21 век.”[6]

Џон Торнхил во Фајненшел Тајмс рекол дека „иако 21 лекција има проблесоци на интелектуална авантура и книжевен полет, веројатно нуди најмалку илуминација од трите книги“ напишани од Харари и дека многу од опсервациите во неа се чувствуваат како рециклирани од другите две.[7]

Критиката на Хелен Луис во Гардијан не е толку блескава иако таа се восхитува на „амбицијата и ширината на неговото дело, сложувајќи ги неочекуваните идеи во сјани опсервации.”[3]

Книгата добила и негативни критики. Гевин Џакобсон во Њу Стетјстман ја гледа како „студија полна со ветувања и празна со исполнувања“ со совет „или премногу нејасна или премногу шуплива за да даде какви било насоки.“ [8] Во Тајмс, Џерард Дегрот пишува: „Авторот на Сапиенс е добар во утврдувањето на кризите кои доаѓаат, но неговите клишеа не се одгово."[9]

Поврзано

[уреди | уреди извор]

Забелешки и наводи

[уреди | уреди извор]
  1. Harari, Yuval Noah; Spiegel & Grau (2018). 21 Lessons for the 21st Century. ISBN 9780525512172.
  2. Harari, Yuval Noah; Jonathan Cape (2018). 21 Lessons for the 21st Century. ISBN 9781787330672
  3. 3,0 3,1 Lewis, Helen (15 август 2018). „21 Lessons for the 21st Century by Yuval Noah Harari review – a guru for our times?“. The Guardian. Посетено на 17 октомври 2018.
  4. „21 Lessons for the 21st Century“. Book Marks. Посетено на 28 декември 2018.
  5. „Big data is reshaping humanity, says Yuval Noah Harari“. The Economist. 30 August 2018. Посетено на 17 октомври 2018.
  6. Gates, Bill (4 септември 2018). „What Are the Biggest Problems Facing Us in the 21st Century?“. The New York Times. Посетено на 17 октомври 2018.
  7. Thornhill, John (10 август 2018). „Are humans too flawed to survive the 21st century?“. Financial Times. Посетено на 17 октомври 2018.
  8. Jacobson, Gavin (22 август 2018). „Yuval Noah Harari's 21 Lessons for the 21st Century is a banal and risible self-help book“. The New Statesman. Посетено на 17 октомври 2018.
  9. DeGroot, Gerard (11 август 2018). „Review: 21 Lessons for the 21st Century by Yuval Noah Harari — nuclear war? Let's meditate instead“. The Times. Посетено на 17 октомври 2018.