Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 20ч 23м [1] | 51,62070с
Деклинација | +32° 11′ [1] | 24,6191″
Прив. величина (V) | 4,43[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K2.5 III Fe−0.5[3] |
U−B Боен показател | 1,50[4] |
B−V Боен показател | 1,331 ± 0,003[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −17,18 ± 0,18[5] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +35,84[1] млс/г Дек.: −5,83[1] млс/г |
Паралакса (π) | 13.05 ± 0.20[1] млс |
Оддалеченост | 250 ± 4 сг (77 ± 1 пс) |
Апсолутна величина (MV) | 0,01[2] |
Орбита[4] | |
Период (P) | 85.67 ± 0.89 yr |
Занесеност (e) | 0,495 ± 0,023 |
Перицентарска епоха (T) | 2.453.794 ± 174 ЈД |
Аргумент на перицентарот (ω) (споредна) | 177 ± 7° |
Полузамав (K1) (главна) | 3,23 ± 0,11 км/с |
Податоци [6] | |
39 Лебед A | |
Маса | 1,29 ± 0,25 M☉ |
Полупречник | 22,31 ± 0,84 R☉ |
Површ. грав. (log g) | 2,00 ± 0,13 |
Сјајност | 186+14 12 L☉ |
Температура | 4.259 ± 35 K |
Вртежна брзина (v sin i) | 5,6[5] км/с |
Старост | 3,86 ± 1,89 Гг. |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
39 Лебед — двоен[8] систем во близина на јужната граница[4] на северното соѕвездие Лебед, на растојание приближно од 250 светлосни години од Земјата.[1] Може да се забележи со голо око како портокалова ѕвезда со привидна ѕвездена величина од 4,43.[2] Системот се приближува кон Сонцето со околусончева радијална брзина од −17 км/с.[5]
Станува збор за спектроскопска двојна ѕвезда со орбитален период од околу 85.67 years (31,292 d) и занесеност од 0,5. Предвидена е голема полуоска околу првичната ѕвезда од 1,207 ± 46 Gм (8.07 ± 0.31 ае), што дава долна граница на раздвоеноста меѓу ѕвездите.[4] Се проценува дека староста на системот изнесува 4 милијарди години.[6]
Составницата која може да се набљудува е развиена портокалова џиновска ѕвезда со ѕвездена класификација K2.5 III Fe−0.5;[3] додавката укажува на намаленото присуство на железо во спектарот. Најверојатно е на хоризонталната гранка, фузионирајќи хелиум во јадрото, но можно е и да е на гранката на црвени џинови фузионирајќи го водородот во обвивката околу хелиумовото јадро.[9] Масата е за 1,3 пати поголема од Сончевата маса и се проширила на растојание 22 пати поголемо од Сончевиот полупречник. Твездата зрачи со сјајност 186 пати поголема од Сончевата сјајност од зголемената фотосфера при делотворна температура од 4.259 K.[6]
Составницата која не може да се забележи е најверојатно ѕвезда на главната низа од спектрален тип F или среден-K, а можно е и да станува збор за бело џуџе. Нејзината маса е 0,7–1,0 пати од масата на Сонцето.[4]