Податоци од набљудување Епоха J2000 Рамноденица J2000 | |
---|---|
Соѕвездие | Лебед |
Ректасцензија | 21ч 06м [1] | 36,09382с
Деклинација | +47° 38′ [1] | 54,2490″
Прив. величина (V) | 4.56[2] |
Особености | |
Спектрален тип | K4 Ib–IIa[3] |
B−V Боен показател | 1,569 ± 0,012[2] |
Астрометрија | |
Радијална брзина (Rv) | −26,32 ± 0,23[2] км/с |
Сопствено движење (μ) | Рект: +6.53[1] млс/г Дек.: −1.41[1] млс/г |
Паралакса (π) | 3.16 ± 0.23[1] млс |
Оддалеченост | 1.030 ± 80 сг (320 ± 20 пс) |
Апсолутна величина (MV) | −2.93[4] |
Податоци | |
Полупречник | 35[2] R☉ |
Површ. грав. (log g) | 1.27[5] |
Сјајност | 4,396.65[4] L☉ |
Температура | 4,204[5] K |
Вртежна брзина (v sin i) | 6.3[6] км/с |
Други ознаки | |
Наводи во бази | |
SIMBAD | — податоци |
63 Лебед — единечна[8] ѕвезда во северното соѕвездие Лебед, на растојание од 1.030 светлосни години од Сонцето. За човековото око е видлива како портокалова ѕвезда со привидна величина од 4,56.[2] 63 Лебед се приближува кон Земјата со околусончева радијална брзина од −26 км/с.[2]
Станува збор за развиена ѕвезда која во својот ѕвезден спектар има одлики својствени за сјајни џинови и суперџинови. Одбрана е за спектрален стандард за класата ѕвезди со ознака K4 Ib–IIa.[3]
Од причини кои сè уште се непознати, 63 Лебед има долга периодичност од (982 денови) и мали амплитудни промени во радијалната брзина од (742 м/с).[2] Ѕвездата се проширила до 35[2] пати од Сончевиот полупречник и зрачи за 4,397[4] пати повеќе од Сончевата сјајност од фотосферата при делотворна температура од 4.204 K.[5]