Хеликоптерот претставува оригинален дизајн на компанијата Agusta, односно во хеликоптерот е вграден мотор Turbomeca-Agusta TA-230 и сопствена дизајнирана трансмисија. Првиот прототип на хеликоптерот полетал во 1964 година.
Од хеликоптерот се развиени два модела:
модел А.105 со две седишта (пилот и патник)
модел А.105B со четири седишта (пилот и три патника) кој е прикажан на париската изложба во 1965 година. Хеликоптерот бил предвиден за одржување врски, фотографирање од воздух и брз транспорт, но никогаш не влегол во сериско производство.
Основни податоци:
Тип: транспортен хеликоптер
Класа: лесен
Сместување: еден или два пилоти (А.105 и А.105B) и еден или два патника (А.105B)